Lietuvių kalba
Tinkamas šio produkto akumuliatorių
tvarkymas
(Valstybėse, kuriose yra atskiros surinkimo sistemos)
Ženklinimas ant akumuliatoriaus, naudotojo vadovo
arba pakuotės reiškia, kad šio gaminio akumuliatoriaus
negalima išmesti su kitomis buitinėmis atliekomis.
Cheminiai simboliai Hg, Cd arba Pb rodo, kad
akumuliatoriuje yra gyvsidabrio, kadmio ar švino, kurio kiekis viršija
normą, nurodytą ES direktyvoje 2006/66.
Naudotojas negali keisti į šį prietaisą įmontuoto akumuliatoriaus.
Norėdami gauti daugiau informacijos apie jo pakeitimą, kreipkitės
į savo paslaugų teikėją. Nebandykite išimti akumuliatoriaus
arba išmesti jį į ugnį. Neardykite, nelaužykite ir nepradurkite
akumuliatoriaus. Jei ketinate produktą išmesti, atliekų surinkimo
įmonėje bus imtasi atitinkamų produkto, įskaitant akumuliatorių,
perdirbimo ir apdorojimo priemonių.
Atsakomybės apribojimas
Turinio dalis ir kai kurios paslaugos, kurias galima pasiekti šiuo
prietaisu, priklauso trečiosioms šalims ir yra saugomos autorių
teisių, patentų, prekių ženklų ir (arba) kitos intelektinės nuosavybės
įstatymais. Tokio pobūdžio turinys ir paslaugos teikiamos tik
jūsų asmeninėms nekomercinėms reikmėms. Jokio turinio
ar paslaugų negalite naudoti turinio autoriaus ar paslaugos
teikėjo nenustatytais tikslais. Neapsiribojant anksčiau minėtomis
sąlygomis, nebent tam teisę suteikia pats minėto turinio savininkas
arba paslaugos teikėjas, draudžiama šiuo prietaisu rodomą turinį ar
paslaugas kokiais nors būdais modifikuoti, kopijuoti, pakartotinai
skelbti, įkelti, publikuoti, perduoti, versti, parduoti, kurti išvestinius
kūrinius, naudoti arba platinti.
410
Lietuvių kalba
„TREČIŲJŲ ŠALIŲ TURINYS IR PASLAUGOS TEIKIAMOS „TOKIOS,
KOKIOS YRA.“ SAMSUNG NESUTEIKIA JOKIŲ TIESIOGINIŲ AR
NETIESIOGINIŲ GARANTIJŲ TOKIU BŪDU TEIKIAMAM TURINIUI
AR PASLAUGOMS. SAMSUNG ATSISAKO SUTEIKTI BET KOKIAS
NUMANOMAS GARANTIJAS, ĮSKAITANT PERKAMUMO AR
TINKAMUMO TAM TIKRAI PASKIRČIAI GARANTIJAS, BET JOMIS
NEAPSIRIBOJANT. SAMSUNG NEGARANTUOJA JOKIO ŠIUO
ĮRENGINIU PRIEINAMO TURINIO AR PASLAUGOS TIKSLUMO,
GALIOJIMO, SAVALAIKIŠKUMO, TEISĖTUMO AR IŠBAIGTUMO
IR JOKIAIS BŪDAIS, ĮSKAITANT APLAIDUMĄ, SAMSUNG NĖRA
PAGAL SUTARTĮ ARBA DELIKTĄ ATSAKINGA UŽ JOKIĄ TIESIOGINĘ,
NETIESIOGINĘ, ATSITIKTINĘ, TYČINĘ ŽALĄ, MOKESČIUS
ADVOKATAMS, TEISMO IŠLAIDAS IR KITĄ ŽALĄ, KILUSIĄ DĖL TO,
KAD JŪS ARBA TREČIOJI ŠALIS NAUDOJO TURINĮ AR PASLAUGĄ,
NET JEI IŠ ANKSTO BUVO PERSPĖTA APIE TOKIOS ŽALOS
GALIMYBĘ.“
Trečiųjų šalių teikiamos paslaugos gali būti bet kuriuo metu
nutrauktos arba laikinai sustabdytos ir „Samsung“ nepatvirtina ir
negarantuoja, kad koks nors turinys arba paslauga išliks prieinama
kokį nors laiko tarpą. Turinį ir paslaugas trečiosios šalys perduoda
naudodamos tinklus ir perdavimo priemones, kurių „Samsung“
nekontroliuoja. Neapsiribodama šio atsakomybės apribojimo
turiniu „Samsung“ neprisiima jokios atsakomybės už jokį per šį
įrenginį prieinamo turinio arba paslaugos nutraukimą ar laikiną
sustabdymą.
„Samsung“ nėra atsakinga už klientų aptarnavimą dėl turinio ar
paslaugų. Klausimai ir prašymai dėl turinio ar paslaugų turi būti
teikiami tiesiogiai atitinkamo turinio ar paslaugos teikėjui.
411
Македонски
Информации за
безбедност
Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте
ги овие важни информации за безбедност. Тоа се
општи информации за безбедност за уреди и може
да вклучуваат содржина што не важи за Вашиот уред.
Почитувајте ги предупредувачките информации и
информациите за внимание за да спречите лична
повреда или повреда на други и за да спречите
оштетување на Вашиот уред.
Изразот „уред“ се однесува на производот и
неговата батерија, полнач, деловите снабдени со
мобилниот уред и сите додатоци одобрени од
Samsung што се користат со производот.
Предупредување
Доколку не се придржувате до
безбедносните предупредувања и
прописи, може да настанат сериозни
повреди или смрт
Не употребувајте оштетени електрични приклучоци,
продолжни кабли или лабави приклучоци
Небезбеден приклучок може да предизвика електричен
шок или пожар.
412
Македонски
Не допирајте го уредот, полначот, неговите кабли
или приклучокот со влажни раце или други влажни
делови од телото
Во спротивно може да дојде до електричен удар.
Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот
кабел
Во спротивно може да настане електричен шок или
пожар.
Не користете го Вашиот уред додека се полни и не
допирајте го со влажни раце
Во спротивно може да настане електричен шок.
Внимавајте да не предизвикате краток спој на
полначот или уредот
Во спротивно може да дојде до електричен шок или
пожар, или батеријата може да функционира неправилно
или да експлодира.
Не користете го Вашиот уред надвор за време на
грмотевици
Во спротивно може да дојде до електричен шок или
неправилно функционирање на уредот.
Користете полначи, додатоци и прибор одобрени од
производителот
• Користењето генерички полнач може да го скрати
работниот век на Вашиот уред или да предизвика
негово неправилно функционирање. Тоа, исто така,
може да предизвика пожар или да предизвика
експлодирање на батеријата.
• Користете само полнач одобрен од Samsung конкретно
дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилен
полнач може да предизвикаат сериозни повреди или
оштетување на Вашиот уред.
413
Македонски
• Samsung не може да биде одговорен за безбедноста
на корисникот кога употребува додатоци или делови
коишто не се одобрени од Samsung.
Не испуштајте го и не предизвикувајте удари на
полначот или на уредот
Внимателно ракување и фрлање на уредот и
полначот во отпад
• Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган.
Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на
или во загреани уреди, како што се микробранови
печки, рерни или радијатори. Уредот може да
експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете
ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад
употребена батерија или уред.
• Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
• Избегнете изложување на уредот на висок надворешен
притисок што може да доведе до внатрешен краток
спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од
оштетување
• Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на
многу ниски или многу високи температури.
• Екстремните температури може да го оштетат уредот и
да го намалат капацитетот на полнење и работниот век
на Вашиот уред и батерија.
• Не поврзувајте ги директно позитниот и негативниот
пол на батеријата и спречете да не дојде во допир
со метални предмети. Тоа може да предизвика
неправилно работење на батериите.
• Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
414
Македонски
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи,
микробранови печки, опрема за готвење или
контејнери со висок притисок
• Батеријата може да истече.
• Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.
Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во
области со високи концентрации на прашина или
други материи присутни во воздухот
Прашината или надворешните материи може да
предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот
уред и тоа може да резултира со пожар или електричен
шок.
Спречете повеќенаменскиот приклучок и малиот
крај на полначот да дојдат во контакт со проводливи
материјали, како што се течности, прав, метален прав
и графит
Проводливите материјали може да предизвикаат
краток спој или корозија на терминалите, што може да
резултира со експлозија или пожар.
Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата
• Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот,
или до експлозија или пожар.
• Децата или животните може да се задушат со ситните
делови.
• Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно
го користат.
Не ставајте го уредот или испорачаниот
дополнителен прибор во очите, ушите или устата
Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни
повреди.
415
Македонски
Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion)
батерија што истекува
За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска
батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен
сервисен центар.
Внимание
Доколку не се придржувате до
безбедносните предупредувања и
прописи, може да настанат повреди или
оштетување на имотот
Не користете го уредот во близина на други
електронски уреди
Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни
сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во
работата на другите електронски уреди.
Не користете го уредот во болница, во авион, или во
автомобилска опрема затоа што може да предизвика
пречки во нивната радио-фреквенција
• Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот
уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што
уредот може да предизвика пречки во работата на
пејсмејкерот.
• За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер,
користете го Вашиот уред само на спротивната страна
на Вашето тело од пејсмејкерот.
• Доколку користите медицинска опрема, контактирајте
го производителот на опремата пред да го користите
уредот за одредување дали опремата ќе биде под
влијание на радио-фреквенцијата емитувана од уредот.
416
Македонски
• Во авион, користењето електронски уреди може
да создаде пречки во електронските навигациски
инструменти на авионот. Осигурете се уредот да е
исклучен за време на полетување и слетување. По
полетување, можете да го користите уредот во режим
за летало ако тоа е дозволено од страна на екипажот.
• Електронските уреди во Вашиот автомобил може да
работат неправилно заради радио-пречки од Вашиот
уред. Контактирајте го производителот за повеќе
информации.
Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа
Во спротивно може да дојде до оштетување на
надворешноста од уредот или до негово неправилно
функционирање.
Ако користите помагало за слух, контактирајте го
производителот за инфорамции околу радио-пречки
Радио-фреквенцијата емитувана од Вашиот уред може
да создава пречки на одредени помагала за слух. Пред
користење на уредот, контактирајте го производителот
за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде
попречено од радио-фреквенциите емитувани од уредот.
Не користете го Вашиот уред во близина на апарати
што емитуваат радио-фреквенции, како што се
звучни системи или радио-кули
Pадио-фреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред
да функционира неправилно.
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
опкружувања
• Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го
уредот во потенцијално експлозивни опкружувања.
• Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш
придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците.
417
Македонски
• Не користете го уредот на места каде што се полни
гориво (бензиски станици), во близина на горива или
хемикалии, или во области каде што се врши рушење
со експлозиви.
• Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности,
гасови или експлозивни материјали во истиот простор
каде што се наоѓа уредот, неговите делови или
дополнителниот прибор.
Ако забележите чуден мирис или звуци што доаѓаат
од Вашиот уред или батерија, или ако забележите
чад или протекување на течности од уредот или
батеријата, престанете со користење на уредот веднаш
и однесете го во сервисен центар на Samsung
Во спротивно може да дојде до пожар или експлозија.
Придржувајте се кон сите безбедносни
предупредувања и прописи коишто се однесуваат на
употребата на Вашиот уред додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното
управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот
уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За
Вашата безбедност и безбедноста на другите, користете го
Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:
• Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен.
Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен
уред без да го оттргнете погледот од патот. Ако примате
дојдовен повик во незгодно време, оставете да
одговори говорната пошта наместо Вас.
• Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни
временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ
сообраќај може да бидат опасни.
• Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви.
Пишување на листата со задачи или листањето по
Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата
примарна одговорност за безбедност при возењето.
418
Македонски
• Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот.
Повикувајте кога не сте во движење или пред да се
вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате
Вашите повици кога не сте во движење.
• Не вклучувајте се во стресни или чувствителни
разговори кои можат да го оттргнат Вашето внимание.
Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека
возите во моментот и прекинете ги сите разговори кои
можат да Ви го одземат вниманието од патот.
Правилно грижете се и користете го
Вашиот уред
Уредот мора секогаш да биде сув
• Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите
или електричните кола на Вашиот уред.
• Не вклучувајте го Вашиот уред додека е мокар. Ако
уредот веќе е вклучен, исклучете го и извадете ја
батеријата веднаш (ако уредот не може да се исклучи
или не можете да ја извадите батеријата, оставете
го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и
однесете го во сервисен центар.
• Во овој уред се вградени индикатори за течност.
Оштетувањата на Вашиот уред предизвикани од вода
може да ја поништат гаранцијата на производителот.
Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини
Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.
419
Македонски
Уредот може да се употребува на места со
амбиентална температура од 0 °C до 35 °C. Можете
да го складирате уредот на амбиентална температура
од -20 °C до 50 °C. Користењето или складирањето
вон препорачаните опсези на температура може
да предизвикаат оштетување на уредот или да го
намалат животниот век на батеријата
• Не чувајте го Вашиот уред во многу топли
простории како на пример во автомобил летно
време. Во спротивно може да дојде до неправилно
функционирање на екранот, оштетување на уредот или
експлодирање на батеријата.
• Не изложувајте го уредот на директна сончева
светлина подолго време (на пример, на контролната
табла во автомобилот).
Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални
предмети, како монети, клучеви и накит
• Вашиот уред може да се изгребе или да не
функционира правилно.
• Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со
метални предмети, може да настане пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни
полиња
• Вашиот уред може да се оштети или батеријата може
да се испразни од изложувањето на магнетни полиња.
• Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните
картички, телефонските картички, штедните книшки и
картичките за интернат можат да бидат оштетени од
магнетните полиња.
420
Македонски
Не употребувајте го Вашиот уред и апликации
одредено време ако уредот е премногу загреан
Продолжена изложеност на Вашата кожа на презагреан
уред може да предизвика симптоми на мала изгореност,
како црвени точки или депигментација на кожата.
Доколку Вашиот уред е опремен со светло, не
користете го светлото блиску до очите на луѓето или
миленичињата
Ракувајте внимателно кога сте изложени на
трепкачки светла
• Додека го користите уредот, оставете некои од светлата
во собата вклучени и не држете го екранот премногу
блиску до Вашите очи.
• Може да дојде до напади или бессознание кога
сте изложени на трепкачки светла додека гледате
видео или играте флеш-игри подолг период. Ако се
чувствувате непријатно, престанете со користење на
уредот веднаш.
• Ако некој Ваш близок почувствувал напади или
несвестици додека користел сличен уред, консултирајте
лекар пред користење на уредот.
• Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви
во мускулите или дезориентираност, веднаш запрете со
користење на уредот и консултирајте лекар.
• За да спречите напрегнување на очите, правете чести
паузи додека го користите уредот.
421
Македонски
Намалете го ризикот од повреди поради
повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример,
притискање копчиња, цртање знаци на екран
чувствителен на допир со прстите или играње игри, може
да почувствувате повремена непријатност во Вашите
раце, врат, рамена или други делови од Вашето тело.
Кога го користите Вашиот уред подолги периоди, држете
го уредот релаксирано, притискајте лесно на копчињата
и правете повремени паузи. Ако и натаму имате
непријатности при или по користењето, престанете со
употребата на уредот и консултирајте се со лекар.
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите
слушалки
• Слушањето со висока јачина на тонот може
да му наштети на Вашиот слух.
• Слушањето со висока јачина на тонот
може да го оттргне Вашето внимание и да
предизвика несреќа.
• Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги
вклучите слушалките во изворот на звук и користете го
само нагодувањето за јачина на минимум, потребно да
го слушате Вашиот разговор или музика.
• Во суви средини, може да се појави статички
лектрицитет во слушалките. Избегнувајте користење
слушалки во суви средини или допрете метален
предмет за да го испразните статичкиот електрицитет
пред да ги приклучите слушалките во уредот.
• Не користете слушалки додека возите. Во спротивно
може да дојде до одвлекување на Вашето внимание и
да доведе до несреќа, или може да биде незаконски во
зависност од Вашиот регион.
422
Македонски
Бидете внимателни кога го користите уредот при
пешачење или кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да
избегнете повреди кај Вас и кај другите.
Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од
себе
Не носете го уредот премногу цврсто. Не заборавајте да
го одржувате уредот чист и сув. И покрај тоа што овој
уред ги исполнува меѓународните барања за безбедност,
некои луѓе може да почуствуваат дразнење на кожата,
ако се алергични на одредени супстанции.
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните
делови и да го спречат правилното работење.
• Ако сте алергични на боја или метални делови од
уредот, може да почувствувате чешање, егзема или
натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со
употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.
Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите
раце и лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на
Samsung за да биде поправен.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари
на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не
функционира правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред
може да биде оштетен и некои делови може да не
функционираат.
423
Македонски
Осигурете максимален век на траење на батеријата
Достарыңызбен бөлісу: |