Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source“
22, додека на екранот не се појави приказот m за саканиот
внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување
на радио станицата“, страна 171) одн. надворешен аудио
извор (види „Приклучување на надворешни аудио
извори“, страна 172):
– „FM“: радио преку UKW,
– „AM“: радио преку MW,
– „AUX 1“: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 28 на надворешната страна,
– „AUX 2“: надворешен аудио извор (на пр. MP3-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 35 во преградата за медиумски
датотеки,
– „USB“: надворешен аудио извор (на пр. USB-стик)
преку USB-отвор 33,
– „SD“: надворешен аудио извор (SD-/MMC-картичка)
преку SD-/MMC-приклучно место 34.
Подесување на стапчестата антена
Радио апаратот за градилиште се испорачува со
монтирана стапчеста антена 10. За време на работата на
радиото свртете ја антената во правецот, којшто
овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радио апаратот
за градилиште на место со подобар прием.
Напомена: При работа на радио апаратот за градилиште
во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди
или други електронски уреди може да дојде до
попречување на радио приемот.
Доколку стапчестата антена 10 се олабави, тогаш
затегнете ја директно на куќиштето во правец на стрелките
од часовникот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source“
22, додека на приказот не се појави m „FM“ за приемното
поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM“ за приемното
поле средни бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција
свртете го ротационото копче „Tune“ 19 во правец на
стрелките од часовникот, за да ја зголемите
фреквенцијата, одн. во правец спротивен на стрелките од
часовникот, за да ја намалите фреквенцијата. За време на
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 171 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
172 | Македонски
1 609 92A 119 | (20.2.15)
Bosch Power Tools
подесувањето, фреквенцијата се појавува на приказот n, а
потоа на приказот j на екранот.
За пребарување на радио станици со висока јачина на
сигналот притиснете го копчето за пребарување наназад
„– Seek“ 23 одн. копчето за пребарување нанапред
„Seek +“ 21 и држете го кратко притиснато.
Фреквенцијата на пронајдената радио станица се појавува
кратко на приказот n, а потоа на приказот j на екранот.
При доволно јак прием на соодветен сигнал, радио
апаратот за градилиште автоматски се префрла на стерео
прием. На екранот се појавува приказот за стерео прием i.
За зачувување на подесената станица притиснете на
копчето за зачувување „Memory“ 16. На екранот трепка
приказот „PRESET“ e, а на приказот d бројот на последно
подесеното место за зачувување. За избор на место на
зачувување притискајте на копчето за пребарување
наназад „– Seek“ 23 одн. копчето за пребарување
нанапред „Seek +“ 21, додека не се појави саканото место
за зачувување на приказот d. Одново притиснете на
копчето за зачувување 16, за да ја зачувате подесената
станица на избраното место за зачувување. Приказите e и
d не трепкаат повеќе.
Можете да зачувате 20 UKW-станица и 10 MW-станица.
Внимавајте, веќе зафатеното место за зачувување ќе се
замени со ново поставената радио станица доколку
одново изберете.
За репродукција на зачуваната станица притискајте
кратко на копчето за пребарување наназад „– Seek“ 23
одн. копчето за пребарување нанапред „Seek +“ 21,
додека не се појават саканото место за зачувување на
приказот d и „PRESET“ на приказот e.
Приклучување на надворешни аудио извори (види
слика C)
Покрај вграденото радио може да се репродуцираат
различни надворешни аудио извори.
AUX-In-приклучок 1: AUX-In-приклучокот 1 особено е
погоден за аудио извори, кои треба да се сместат надвор
од преградата за медиумски датотеки (на пр. CD-плеер).
Извадете го заштитното капаче на „AUX 1 IN“-отворот 28 и
ставете го 3,5-mm-приклучок на испорачаниот или друг
соодветен AUX-кабел во отворот. Приклучете го AUX-
кабелот на соодветен аудио извор.
Заради заштита од нечистотии повторно ставете го
заштитното капаче на „AUX 1 IN“-отворот 28, откако ќе го
извадите приклучокот на AUX-кабелот.
За надворешни аудио извори преку следните приклучоци
отворете го лостот за блокада 8 и отворете го поклопецот
9 на преградата за медиумски датотеки ( „Digital Media
Bay“).
– SD-/MMC-приклучок: Ставете една SD- или MMC-
картичка во SD-/MMC-приклучното место 34. Натписот
на картичката мора да покажува во правец на безбед-
носното капаче 31. Репродукцијата на картичката може
да стартува, штом на приказот d се појават бројот на
насловот како и вкупниот број на расположливите
наслови на картичката. За да ја извадите картичката,
притиснете кратко на истата за да се исфрли.
– USB-приклучок: Ставете USB-стик (одн. USB-
приклучок на соодветен аудио извор) во USB-отворот
33. Репродукцијата на USB-стикот може да стартува,
штом на приказот d се појават бројот на насловот, како
и вкупниот број на расположливите наслови на стикот.
За да го извадите USB-стикот извлечете го истиот од
USB-приклучокот.
– AUX-In-приклучок 2: AUX-In-приклучокот 2 особено е
погоден за аудио извори, кои треба да се сместат
надвор од преградата за медиумски датотеки (на пр.
MP3-плеер). Ставете го 3,5-mm-приклучок на
испорачаниот или друг соодветен AUX-кабел во
„AUX 2 IN“-отворот 35. Приклучете го AUX-кабелот на
соодветен аудио извор.
При соодветна големина, приклучените надворешни
аудио извори можете да ги прицврстите со велкро
лепенка на држачот 36 во преградата за медиумски
датотеки.
За заштита од оштетувања и нечистотии, затворете го
поклопецот на преградата за медиумски датотеки 9, откако
ќе го приклучите надворешниот аудио извор.
За репродукција на приклучени аудио извори притискајте
на копчето за избор на аудио извор „Source“ 22, додека на
екранот не се појави приказот m за саканиот аудио извор.
Контрола на надворешни аудио извори
Кај аудио извори, коишто се приклучени преку SD-/MMC-
приклучно место 34 или USB-отвор 33, репродукцијата
може да се контролира преку радио апаратот за
градилиште. На приказот d лево се појавува бројот на
моментално избраниот наслов и десно вкупниот број на
постоечки наслови.
Репродукција/прекин на репродукција:
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24. Траењето на
репродукцијата на моменталниот наслов се појавува на
приказот j.
– За да ја прекинете или продолжите репродукцијата,
одново притиснете на копчето за репродукција/пауза
24. Моменталното траење на репродукцијата трепка на
приказот j.
Изберете наслов:
– За да изберете наслов, притискајте на копчето за
пребарување наназад „– Seek“ 23 одн. на копчето за
пребарување нанапред „Seek +“ 21, додека не се
појави бројот на саканиот наслов на левата страна на
приказот d.
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24.
Случајна репродукција/повторување на
репродукција:
– За да ги репродуцирате сите наслови на картичката
одн. USB-стикот по случаен редослед, притиснете
еднаш на копчето Случајна репродукција/повторување
на репродукција 20. На екранот се појавува приказот f.
– За да ги повторите сите наслови во моменталната
папка, притиснете на копчето за случајна
репродукција/повторување на репродукција 20 по
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 172 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
Македонски | 173
Bosch Power Tools
1 609 92A 119 | (20.2.15)
втор пат. На екранот се појавува приказот g.
Напомена: Само во оваа функција десно на приказот
се појавува d бројот на моменталната папка на
картичката одн. USB-стикот. За да ја смените папката,
мора најпрво да се вратите во нормална репродукција
и да изберете наслов од саканата папка.
– За да го повторите само моментално репродуцираниот
наслов, притиснете на копчето за случајна репро-
дукција/повторување на репродукција 20 по трет пат.
На екранот се појавува приказот h.
– За да се вратите на нормална репродукција, притиснете
на копчето за случајна репродукција/повторување на
репродукција 20 по четврти пат, за да не се појави
ниеден од приказите f, g или h на екранот.
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24.
Приклучување на надворешна аудио репродукција
(види слика C)
Моменталниот аудио сигнал на радио апаратот за
градилиште можете да го пренесете и на останатите уреди
за репродукција (на пр. засилувач и звучник).
Извадете го заштитното капаче на „LINE OUT“-отворот 30
и ставете го 3,5-mm-приклучок во соодветен AUX-кабел во
отворот. Приклучете соодветен уред за репродукција на
AUX-кабелот. Заради заштита од нечистотии повторно
ставете го заштитното капаче на „LINE OUT“-отворот 30,
откако ќе го извадите приклучокот на AUX-кабелот.
Напојување со енергија на надворешни уреди
Напојувањето со енергија на надворешни уреди преку
12-V- и приклучокот за наизменична струја е можно само
преку мрежниот приклучок на радио апаратот за
градилиште, но не и преку ставената батерија.
Доколку радио апаратот за градилиште е приклучен на
електрична мрежа, зелената контролна сијаличка 3 свети
за потврда.
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се користат одн.
да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со
енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони).
Отворете го лостот за заклучување 8 и отворете го
поклопецот за медиумски датотеки 9. Поврзете го USB-
приклучокот на надворешен уред преку соодветен USB-
кабел со USB-отвор 33 на радио апаратот за градилиште.
За да се стартува процесот на полнење, надворешниот
уред на радио апаратот за градилиште мора да се одбере
како аудио извор.
12-V-приклучок (види слика C)
Со помош на 12-V-приклучок, надворешниот електричен
уред можете да го користите со 12-V-приклучок и
максимално 1 A потрошувачка на струја.
Извадете го заштитното капаче на 12-V-приклучен
конектор 29. Ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во 12-V-приклучен конектор.
12-V-приклучок е заштитен со осигурувач 32. Доколку на
приклучокот на надворешниот уред нема напон, отворете
го лостот за заклучување 8 и отворете го поклопецот за
медиумски датотеки 9. Одвртете го безбедносното капаче
31 и проверете, дали се активирал ставениот осигурувач
32. Доколку се активира осигурувачот, поставете нов фин
осигурувач (5 x 20 mm, 250 V максимален напон, 1 A
номинална струја и брза активирачка карактеристика).
Повторно затегнете го безбедносното капаче 31.
Напомена: Користете исклучиво 1-A-осигурувачи за
максимален 250 V напон ( „250V 1A FUSE FOR 12V
OUTLET“). Доколку користите други осигурувачи, може да
се оштети радио апаратот за градилиште.
Освен тоа, 12-V-приклучок е заштитен со внатрешен
топлотен осигурувач, кој се активира при прекумерно
загревање. Осигурувачот автоматски се враќа во
стартната позиција, откако ќе се излади радио апаратот за
градилиште.
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го
заштитното капаче на 12-V-приклучен конектор 29,
доколку сте го извадиле надворешниот приклучок.
Приклучок за наизменична струја („Power Outlets“)
(не кај број на артикл 3 601 D29 760)
Со помош на приклучокот за наизменична струја можете
да користите и други надворешни електрични уреди.
Приклучниците може да бидат различни, во зависност од
важечките прописи во земјата на користење.
Збирот на максимално дозволената потрошувачка на
струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја
пречекори вредноста наведена во следната табела
(погледнете го и натписот на куќиштето под поклопецот 4):
Отворете го поклопецот 4 на приклучокот за наизменична
струја и ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во приклучницата 5 на радио апаратот за
градилиште.
Приказ на време
Радио апаратот за градилиште располага со приказ на
времето со одделно напојување со енергија. Доколку во
преградата се ставени резервни батерии со доволен
капацитет (види „Ставање/менување на батериите за
резервно напојување“, страна 170), времето може да се
зачува, дури и доколку радио апаратот за градилиште е
исклучен од напојувањето со енергија преку мрежен
приклучок или батерија.
Број на дел/артикл
Збир на максимална
потрошувачка на струја (во A)
3 601 D29 700
15
3 601 D29 730
9
3 601 D29 770
12
3 601 D29 7W0
15
3 601 D29 7X0
9
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 173 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
174 | Македонски
1 609 92A 119 | (20.2.15)
Bosch Power Tools
Подесување на времето на часовникот
– За да го подесите времето на часовникот притискајте на
копчето за подесување на времето „Clock“ 18, додека
бројот на часови не започне да трепка на приказот за
време n.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред
„Seek +“ 21 одн. копчето за пребарување наназад
„– Seek“ 23, додека не се прикаже точниот број на
часови.
– Одново притиснете на копчето „Clock“, така што бројот
на минути ќе почне да трепка на приказот n.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред
„Seek +“ 21 одн. копчето за пребарување наназад
„– Seek“ 23, додека не се прикаже точниот број на
минути.
– Притиснете на копчето „Clock“ по трет пат, за да го
зачувате времето на часовникот.
Режим за заштеда на енергија
За да заштедите енергија, може да го исклучите приказот
за време на екранот 27.
При исклучување на аудио режимот (види
„Вклучување/исклучување на аудио режим“, страна 171)
притискајте го копчето за вклучување-исклучување 26,
додека на екранот не престанат да се појавуваат прикази.
За да го вклучите повторно приказот на времето, притис-
нете еднаш на копчето за вклучување-исклучување 26.
Совети при работењето
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Дефект – Причини и помош
Доколку со наведените помошни мерки не успеете да ја
отстраните пречката, контактирајте ја овластената
сервисна служба на Bosch.
Причина
Помош
Радио апаратот за градилиште не функционира
Нема напојување со
енергија
Ставете го мрежниот
приклучок или наполнетата
батерија (целосно)
Радио апаратот за
градилиште е премногу
топол или премногу ладен
Почекајте додека радио
апаратот за градилиште не
ја постигне работната
температура
Радио апаратот за градилиште не функционира при
мрежно напојување
Мрежниот приклучок или
кабел се дефектни
Проверете ги мрежниот
приклучок и кабел и докол-
ку е потребно заменете ги
Радио апаратот за градилиште не функционира со
батерии
Контактите на батеријата се
извалкани
Исчистете ги контактите на
батеријата; на пр. повеќе
пати вметнете ја и извадете
ја батеријата, ев. заменете
ја
Дефектна батерија
Менување на батеријата
Батеријата е премногу
топла или премногу ладна
(предупредувањето за
температура k свети)
Почекајте додека
батеријата не ја достигне
работната температура
Напојувањето со енергија на надворешни уреди не
функционира
Мрежниот приклучок не е
приклучен
Ставете го мрежниот
приклучок (целосно)
12-V-приклучокот не функционира
Не е ставен осигурувач 32
Ставете осигурувач 32
Осигурувачот 32 е
активиран
Заменете го осигурувачот
32
Внатрешниот топлотен
осигурувач е активиран
Извадете го надворешниот
уред и оставете го радио
апаратот за градилиште да
се олади
Радио апаратот за градилиште одеднаш откажал
Мрежниот приклучок или
батеријата не се правилно
одн. целосно вметнати
Ставете го правилно и
целосно мрежниот
приклучок одн.батеријата
Софтверска грешка
За да го ресетирате
софтверот извадете го
мрежниот приклучок и
батеријата, почекајте 30 с.,
и потоа повторно ставете го
мрежниот приклучок одн.
батеријата.
Лош радио прием
Пречки од други уреди или
неповолно место на
поставување
Поставете го радио
апаратот за градилиште на
друго место со подобар
прием одн. на поголемо
растојание од другите
електронски уреди или
приклучници
Пречки во приказот на времето
Резервните батерии за
часовникот се празни
Заменете ги резервните
батерии
Резервните батерии се
ставени со погрешен
поларитет
Ставете ги резервните
батерии со правилен
поларитет
Причина
Помош
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 174 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
Srpski | 175
Bosch Power Tools
1 609 92A 119 | (20.2.15)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мрежниот кабел е опремен со специјален
сигурносен приклучок и смее да биде заменет само
од страна на овластена сервисна служба на Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификацио-
ната плочка на радио апаратот за градилиште.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Радио апаратите за градилиште, батериите,
опремата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте радио апаратите за градилиште и батериите
во домашната канта за отпадоци!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните уреди што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт“,
cтрана 175.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Pročitajte sve napomene o
sigurnosti i uputstvo, kao i
informacije na donjoj strani radio prijemnika za gradilište.
Propusti kod pridržavanja napomena o sigurnosti i uputstva
mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške
povrede.
Sve napomene o sigurnosti i uputstvo spremite na
bezbedno mesto.
Pojam „radio prijemnik za gradilište“, koji se koristi u uputstvu
o sigurnosti, odnosi se na radio prijemnike za gradilište sa
mrežnim napajanjem (sa mrežnim priključnim kablom) i na
radio prijemnike za gradilište sa napajanjem iz akumulatora
(bez mrežnog priključnog kabla).
Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno.
Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi
nesrećama.
Priključni utikač radio prijemnika za gradilište mora da
odgovara utičnici. Na utikaču ne smeju da se izvode bilo
kakve izmene. Zajedno sa uzemljenim radio
prijemnikom za gradilište ne smeju da se koriste
nikakvi adapterski utikači. Utikači na kojima nije vršena
izmena i odgovarajuće utičnice smanjuju opasnost od
električnog udara.
Priključni kabl nemojte zloupotrebljavati za nošenje
radio prijemnika za gradilište, za njegovo vešanje ili za
Достарыңызбен бөлісу: |