Uk Оригінальна інструкція з експлуатації kk


те електроинструмента и вентилационните отвори



Pdf көрінісі
бет42/57
Дата27.03.2017
өлшемі9,58 Mb.
#10406
1   ...   38   39   40   41   42   43   44   45   ...   57

те електроинструмента и вентилационните отвори 
чисти.
Шарнирният предпазен кожух трябва да може винаги да 
се върти свободно и да се затваря самостоятелно. Затова 
винаги поддържайте зоната около шарнирния предпазен 
кожух свободна и чиста. Отстранявайте прах и стърготини 
с продухване със сгъстен въздух или с мека четка.
Режещи дискове без повърхностно покритие могат да бъ-
дат смазвани леко с машинно масло, несъдържащо кисе-
лини. За да предотвратите изцапването на дървото, преди 
разрязване почиствайте машинното масло.
Отлагането на смола или лепило/туткал по режещия диск 
влошава качеството на среза. Затова почиствайте диско-
вете веднага след употреба.
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 180  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

 Македонски | 181
Bosch Power Tools
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Сервиз и технически съвети
Когато се обръщате с Въпроси към представителите, моля, 
непременно посочвайте 10-цифрения каталожен номер, 
означен на табелката на електроинструмента.
Отговори на въпросите си относно ремонта и поддръжката 
на Вашия продукт можете да получите от нашия сервизен 
отдел. Монтажни чертежи и информация за резервни час-
ти можете да намерите също на адрес:
www.bosch-pt.com
Екипът на Бош за технически съвети и приложения ще от-
говори с удоволствие на въпросите Ви относно нашите 
продукти и допълнителните приспособления за тях.
Роберт Бош EООД – България
Бош Сервиз Център
Гаранционни и извънгаранционни ремонти
бyл. Черни връx 51-Б
FPI Бизнес център 1407
1907 София
Тел.: (02) 9601061
Тел.: (02) 9601079
Факс: (02) 9625302
www.bosch.bg
Транспортиране
Включените в окомплектовката литиево-йонни акумулута-
рони батерии са в обхвата на изискванията на норматив-
ните документи, касаещи продукти с повишена опасност. 
Акумулаторните батерии могат да бъдат транспортирани 
от потребителя на публични места без допълнителни раз-
решителни.
При транспортиране от трети страни (напр. при въздушен 
транспорт или ползване на куриерски услуги) има специ-
ални изисквания към опаковането и обозначаването им. 
За целта се консултирайте с експерт в съответната област.
Изпращайте акумулаторни батерии само ако корпусът им 
не е повреден. Изолирайте открити контактни клеми с ле-
пящи ленти и опаковайте акумулаторните батерии така, че 
да не могат да се изместват в опаковката си.
Моля, спазвайте също и допълнителни национални пред-
писания.
Бракуване
Електроинструментите, акумулаторните батерии и 
допълнителните приспособления трябва да бъдат 
предавани за оползотворяване на съдържащите се 
в тях суровини.
Не изхвърляйте електроинструменти и акумулаторни или 
обикновени батерии при битовите отпадъци!
Само за страни от ЕС:
Съгласно Европейска директива 
2012/19/EC относно излязла от употреба 
електрическа и електронна апаратура и 
съгласно Европейска директива 
2006/66/ЕО обикновени и акумулаторни 
батерии, които не могат да се използват 
повече, трябва да се събират отделно и да бъдат подлагани 
на подходяща преработка за оползотворяване на съдър-
жащите се в тях суровини.
Акумулаторни или обикновени батерии:
Li-Ion:
Моля, спазвайте указанията в раз-
дел «Транспортиране», 
страница 181.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за 
електричните апарати
Прочитајте ги сите 
напомени и упатства за 
безбедност. Грешките настанати како резултат од 
непридржување до безбедносните напомени и упатства 
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или 
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за 
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се 
однесува на електрични апарати што користат струја (со 
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии 
(без струен кабел).
Безбедност на работното место
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро 
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен 
простор може да доведе до несреќи.
 Не работете со електричниот апарат во околина 
каде постои опасност од експлозија, каде има 
запаливи течности, гас или прашина. Електричните 
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта 
или пареата.
 Држете ги децата и другите лица подалеку за време 
на користењето на електричниот апарат. Доколку 
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите 
контролата над уредот.
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да 
одговара на приклучокот во ѕидната дозна. 
Приклучокот во никој случај не смее да се менува. 
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со 
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на 
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат 
ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените 
површини на цевки, радијатори, шпорет и 
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен 
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 181  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

182 | Македонски 
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Bosch Power Tools
 Електричните апарати држете ги подалеку од дожд 
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот 
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го 
носите електричниот апарат, за да го закачите или 
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете 
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри 
рабови или подвижните компоненти на уредот. 
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за 
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на 
отворено, користете само продолжен кабел што е 
погоден за користење на надворешен простор. 
Користењето на соодветен продолжен кабел на 
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во 
влажна околина не може да се избегне, користете 
заштитен уред со диференцијална струја. 
Употребата на заштитниот уред со диференцијална 
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно 
користете го електричниот апарат. Не користете 
електрични апарати, доколку сте уморни или под 
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент 
на невнимание при употребата на електричниот апарат 
може да доведе до сериозни повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни 
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска 
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем 
или заштита за слухот, во зависност од видот и 
примената на електричниот апарат, го намалува 
ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на 
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен 
електричниот апарат, пред да го приклучите на 
напојување со струја и/или на батерија, пред да го 
земете или носите. Доколку при носењето на 
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте 
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување 
со струја, ова може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за 
зашрафување, пред да го вклучите електричниот 
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите 
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото. 
Застанете во сигурна положба и постојано држете 
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го 
контролирате електричниот апарат во неочекувани 
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека 
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците 
подалеку од подвижните делови. Лесната облека, 
накитот или долгата коса може да се зафатат од 
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за 
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно 
се приклучени и прикладно се користат. 
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува 
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го 
соодветниот електричен апарат за Вашата работа. 
Со соодветниот електричен апарат ќе работите 
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има 
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може 
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и 
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или 
извадете ја батеријата, пред да ги смените 
поставките на уредот, да ги замените деловите или 
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за 
предупредување го спречуваат невнимателниот старт 
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца 
електричните апарати кои не ги користите. Овој 
уред не смее да го користат лица кои не се 
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие 
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги 
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи 
својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 
Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се 
препорачани исклучиво од производителот. 
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен 
вид батерии, го користите со други батерии, постои 
опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за 
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии 
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 182  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

 Македонски | 183
Bosch Power Tools
1 609 92A 14R | (3.2.15)
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од 
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, 
клинци, шрафови или други мали метални 
предмети, што може да предизвикаат 
премостување на контактите. Краток спој меѓу 
контактите на батеријата може да предизвика 
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста 
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку 
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете 
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со 
очите, побарајте лекарска помош. Истечената 
течност од батеријата може да предизвика кожни 
иритации или изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе 
бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.
Безбедносни напомени за тркалезни пили
Постапка на сечење
 ОПАСНОСТ: Не посегнувајте со дланките во полето 
на работа со пилата или листот на пилата. Со другата 
рака држете ја дополнителната дршка или 
куќиштето на моторот. Доколку со двете дланки ја 
држите пилата, нема да може да се повредите.
 Не посегајте под делот што се обработува. Доколку 
заштитната хауба е под делот што се обработува, нема 
да може да ве штити од листот за пилата.
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината 
на делот што се обработува. Под делот што се 
обработува, смее да се види помалку од полната 
висина на запците.
 Делот што се обработува никогаш не го држете во 
рака или над ногата. Зацврстете го делот што се 
обработува на стабилен прифат. Важно е, добро да го 
зацврстите делот што се обработува, за да ја сведете на 
минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на 
листот на пилата или губење на контролата.
 Држете го електричниот апарат за изолираните 
површини на рачките, доколку вршите работи каде 
алатот што се вметнува може да наиде на скриени 
електрични кабли. Контактот со електрични 
спроводници ги става и металните делови од 
електричниот апарат под напон и води до електричен 
удар.
 При должинско сечење секогаш употребувајте 
граничник или аголна водилка. Ова ја подобрува 
прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се 
заглави листот на пилата.
 Секогаш користете листови за пила во правилна 
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. 
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за 
пила, што не одговараат на монтажните делови на 
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до 
губење на контролата.
 Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни 
подлошки или шрафови за листот за пилата. 
Подлошките или шрафовите за листот на пилата се 
специјално конструирани за вашата пила, за оптимална 
јачина или работна безбедност.
 Последици од повратни удари – и соодветни 
безбедносни напомени 
– повратниот удар е ненадејна реакција поради 
закачен, заглавен или погрешно насочен лист од 
пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да 
се подигне и да излезе од делот што се обработува и да 
се придвижи во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се закачи или заглави во 
резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа 
пилата во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се изврти или погрешно го 
насочи резот на пилата, запците на задната ивица од 
листот на пилата може да се закачат на површината на 
делот што се обработува, при што листот на пилата се 
вади од резниот процеп и ја придвижува пилата во 
правец на лицето што ја користи.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на 
пилата. Тој може да се спречи со соодветни прописни 
мерки, како што е опишано подолу.
 Држете ја цврсто пилата со двете дланки и 
наместете ги рацете во позиција во која ќе може да 
ја издржите повратната сила. Секогаш застанувајте 
бочно од листот за пилата, никогаш не го водете 
листот на пилата во иста линија со телото. Во случај 
на повратен удар, пилата може да отскокне наназад, но 
корисникот може да ја совлада доколку ги презел 
соодветните мерки.
 Доколку се заглави листот на пилата или Вие ја 
прекинете работата, исклучете ја пилата и држете ја 
мирно во делот што се обработува, додека листот на 
пилата не дојде во состојба на мирување. Никогаш 
не се обидувајте да ја извадите пилата од делот што 
се обработува или да ја влечете наназад, доколку 
листот на пилата се движи, бидејќи така може да 
настане повратен удар. Откријте ја причината за 
заглавување на листот на пилата и преземете ги 
соодветните мерки.
 Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата 
што е заглавена во делот што се обработува, 
центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и 
проверете, дали се заглавени запците од пилата во 
делот што се обработува. Доколку е заглавен листот 
на пилата, тој може да излезе од делот што се 
обработува и да предизвика повратен удар, доколку 
пилата одново се стартува.
 Потпрете со големи плочи, за да го избегнете 
ризикот од повратен удар поради заглавен лист од 
пилата. Големите плочи може да се свиткаат под 
својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете 
страни, како во близина на местото на сечење, така и на 
ивиците.
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 183  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

184 | Македонски 
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Bosch Power Tools
 Не користете тапи или оштетени листови за пила. 
Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, 
заради претесниот резен процеп, предизвикуваат 
зголемено триење и заглавување на листот на пилата 
или повратен удар.
 Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за 
подесување на длабочината и аголот на сечење. 
Доколку за време на сечењето се променат поставките, 
листот на пилата може да се заглави и да настане 
повратен удар.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење 
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Листот 
на пилата може да се блокира при сечењето во скриени 
предмети или да предизвика повратен удар.
Функција на долната заштитна хауба
 Пред секое користење, проверете дали долната 
заштитна хауба се затвора беспрекорно. Не ја 
користете пилата доколку долната заштитна хауба 
не се врти слободно или не се затвора веднаш. Не ја 
затегнувајте и зацврстувајте долната заштитна 
хауба никогаш во отворена позиција. Доколку пилата 
падне на под поради невнимание, долната заштитна 
хауба би можела да се оштети. Отворете ја заштитната 
хауба со лостот за повлекување може слободно да се 
движи и дали во секој агол и длабочина на сечење не го 
ниту допира листот на пилата ниту другите делови.
 Проверете ја функцијата на пружината на 
заштитната хауба. Доколку долната заштитна хауба 
и пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја 
пратите на одржување пред да ја употребите. 
Оштетените делови, насобраната прашина или 
струготини ја забавуваат функцијата на заштитната 
хауба.
 Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за 
специјални резови како „за резови со вдлабнување 
и аголни резови“. Отворете ја долната заштитна 
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го, 
штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се 
обработува. При секое друго работење со пилата, 
долната заштитна хауба треба автоматски да работи.
 Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или 
на подот, доколку долната заштитна хауба не го 
покрива листот на пилата. Незаштитениот лист на 
пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на 
сечење и ќе исече се што му стои на патот. Земете го во 
обѕир времето потребно за да запре пилата.
Дополнителни сигурносни напомени
 Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може 
да се повредите од ротирачките делови.
 Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате 
доволна контрола врз електричниот апарат.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. Контактот со 
електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување.
 Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е 
предвиден за работа на маса за сечење.
 Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите 
листови на пила може лесно да се скршат.
 Не сечете железни метали. Струготините би можеле 
да го запалат вшмукувачот за прав.
 При работата, држете го електричниот апарат 
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна 
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе 
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го 
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не 
прекине со работа, пред да го тргнете настрана. 
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе 
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток 
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од 
трајно изложување на сончеви зраци, оган, 
вода или влага. Постои опасност од 
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи 
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете 
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги 
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните 
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот 
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин 
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети 
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно 
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и 
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира 
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   38   39   40   41   42   43   44   45   ...   57




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет