Uk Оригінальна інструкція з експлуатації kk


Правата за изменения запазени



Pdf көрінісі
бет35/49
Дата03.03.2017
өлшемі9,24 Mb.
#7198
1   ...   31   32   33   34   35   36   37   38   ...   49
раздел «Транспортиране», 
страница 154.
Правата за изменения запазени.
OBJ_BUCH-1994-001.book  Page 154  Tuesday, October 1, 2013  2:18 PM

 Македонски | 
155
Bosch Power Tools
1 619 P11 351 | (1.10.13)
Македонски
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за 
електричните апарати
Прочитајте ги сите 
напомени и упатства за 
безбедност. Грешките настанати како резултат од 
непридржување до безбедносните напомени и упатства 
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или 
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за 
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се 
однесува на електрични апарати што користат струја (со 
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии 
(без струен кабел).
Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро 
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен 
простор може да доведе до несреќи.

Не работете со електричниот апарат во околина 
каде постои опасност од експлозија, каде има 
запаливи течности, гас или прашина. Електричните 
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта 
или пареата.

Држете ги децата и другите лица подалеку за време 
на користењето на електричниот апарат. Доколку 
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите 
контролата над уредот.
Електрична безбедност

Приклучокот на електричниот апарат мора да 
одговара на приклучокот во ѕидната дозна. 
Приклучокот во никој случај не смее да се менува. 
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со 
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на 
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат 
ризикот од електричен удар.

Избегнувајте физички контакт со заземјените 
површини на цевки, радијатори, шпорет и 
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен 
удар, доколку Вашето тело е заземјено.

Електричните апарати држете ги подалеку од дожд 
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот 
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.

Не го користите кабелот за друга намена, за да го 
носите електричниот апарат, за да го закачите или 
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете 
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри 
рабови или подвижните компоненти на уредот. 
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за 
електричен удар.

Доколку со електричниот апарат работите на 
отворено, користете само продолжен кабел што е 
погоден за користење на надворешен простор. 
Користењето на соодветен продолжен кабел на 
отворено го намалува ризикот од електричен удар.

Доколку користењето на електричниот апарат во 
влажна околина не може да се избегне, користете 
заштитен уред со диференцијална струја. 
Употребата на заштитниот уред со диференцијална 
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица

Бидете внимателни како работите и разумно 
користете го електричниот апарат. Не користете 
електрични апарати, доколку сте уморни или под 
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент 
на невнимание при употребата на електричниот апарат 
може да доведе до сериозни повреди.

Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни 
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска 
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем 
или заштита за слухот, во зависност од видот и 
примената на електричниот апарат, го намалува 
ризикот од повреди.

Избегнувајте неконтролирано користење на 
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен 
електричниот апарат, пред да го приклучите на 
напојување со струја и/или на батерија, пред да го 
земете или носите. Доколку при носењето на 
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте 
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување 
со струја, ова може да предизвика несреќа.

Извадете ги алатите за подесување или клучевите за 
зашрафување, пред да го вклучите електричниот 
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите 
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.

Избегнувајте абнормално држење на телото. 
Застанете во сигурна положба и постојано држете 
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го 
контролирате електричниот апарат во неочекувани 
ситуации.

Носете соодветна облека. Не носете широка облека 
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците 
подалеку од подвижните делови. Лесната облека, 
накитот или долгата коса може да се зафатат од 
подвижните делови.

Доколку треба да се инсталираат уреди за 
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно 
се приклучени и прикладно се користат. 
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува 
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат

Не го преоптоварувајте уредот. Користете го 
соодветниот електричен апарат за Вашата работа. 
Со соодветниот електричен апарат ќе работите 
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.

Не користете го електричниот апарат, доколку има 
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може 
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и 
мора да се поправи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-1994-001.book  Page 155  Tuesday, October 1, 2013  2:18 PM

156 | Македонски 
1 619 P11 351 | (1.10.13)
Bosch Power Tools

Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или 
извадете ја батеријата, пред да ги смените 
поставките на уредот, да ги замените деловите или 
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за 
предупредување го спречуваат невнимателниот старт 
на електричниот уред.

Чувајте ги подалеку од дофатот на деца 
електричните апарати кои не ги користите. Овој 
уред не смее да го користат лица кои не се 
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие 
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги 
користат неискусни лица.

Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи 
својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 
Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат

Батериите полнете ги со полначи што се 
препорачани исклучиво од производителот. 
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен 
вид батерии, го користите со други батерии, постои 
опасност од пожар.

Затоа користете батерии кои се предвидени за 
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии 
може да доведе до повреди и опасност од пожар.

Неупотребената батерија држете ја подалеку од 
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, 
клинци, шрафови или други мали метални 
предмети, што може да предизвикаат 
премостување на контактите. Краток спој меѓу 
контактите на батеријата може да предизвика 
изгореници или пожар.

При погрешно користење, може да истече течноста 
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку 
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете 
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со 
очите, побарајте лекарска помош. Истечената 
течност од батеријата може да предизвика кожни 
иритации или изгореници.
Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе 
бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.
Безбедносни напомени за убодни пили

Држете го уредот за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави 
под напон металните делови на уредот и да доведе до 
електричен удар.

Дланките држете ги подалеку од полето на работа со 
убодна пила. Не посегајте под делот што се 
обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите 
за пила постои опасност од повреда.

Доколку е вклучен, не го водете електричниот 
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку 
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што 
се вметнува се заглави во делот што се обработува.

Внимавајте на тоа, основната плоча 9 да биде 
стабилна при сечењето. Свитканиот лист пила може да 
се скрши или да доведе до повратен удар.

По завршување на работниот процес исклучете го 
електричниот апарат и извлечете го листот за пила 
дури откако ќе биде во состојба на мирување. На тој 
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно 
да го оставите електричниот апарат.

Користете само неоштетени, беспрекорни листови 
за пила. Искривените или неостри листови за пила 
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето 
или да предизвикаат повратен удар.

По исклучувањето не го закочувајте листот за пила 
со странично притискање. Листот за пила може да се 
оштети, скрши или да предизвика повратен удар.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. Контактот со 
електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување.

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го 
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.

Почекајте додека електричниот апарат сосема не 
прекине со работа, пред да го тргнете настрана. 
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе 
до губење контрола над уредот.

Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток 
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од 
трајно изложување на сончеви зраци, оган, 
вода или влага. Постои опасност од 
експлозија.
OBJ_BUCH-1994-001.book  Page 156  Tuesday, October 1, 2013  2:18 PM

 Македонски | 
157
Bosch Power Tools
1 619 P11 351 | (1.10.13)

Доколку се оштети батеријата или не се користи 
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете 
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги 
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните 
патишта.

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот 
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин 
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до без-
бедносните напомени и упатства може да 
предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење во дрво, 
пластика, метал, керамички плочки и гумени материјали 
на стабилна подлога. Тој е погоден за прави и криви 
резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на 
безбедносните напомени за пила.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го 
осветли директно полето на работа на електричниот 
апарат и не е погодно за просторно осветлување во 
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува 
на приказот на електричните апарати на графичката 
страница.
Батерија
Копче за отклучување на батеријата
Копче за сијалицата „PowerLight“
Копче за подесување на бројот на удари
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказ за контрола на температурата/заштита од 
преоптоварување
Прекинувач за вклучување/исклучување
Лост за подесување на осцилациите
Основна плоча
10 Водечки валјак
11 Лост за подигање
12 Пластична лизгачка папуча
13 Водилка за паралелниот граничник
14 Лист на пилата*
15 Лампа „PowerLight“
16 Хауба за вшмукување
17 Рачка (изолирана површина на дршката)
18 SDS-лост за отклучување на листот за пила
19 Заштита од случаен контакт
20 Млазници за вшмукување
21 Црево за вшмукување*
22 Заштита од кинење
23 Клун на пластичната лизгачка папуча
24 Шраф
25 Скала на закосени агли
26 Шраф за заклучување на паралелниот граничник*
27 Паралелен граничник со тркалезен секач*
28 Врв за центрирање на тркалезниот секач*
29 Инбус клуч
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Батериска убодна пила
GST 10,8 V-LI
Број на дел/артикл
3 601 EA1 0..
Номинален напон
волти=
10,8
Број на удари во празен од n
0
min
-1
1500 –2800
Удари
мм
18
макс. длабочина на резот
– во  дрво
– во  алуминиум
– во челик (нелегиран)
мм
мм
мм
70
3
3
Агол на сечење (лево/десно) 
макс.
°
45
Тежина согласно 
EPTA-Procedure 01/2003
кг
1,5*
* во зависност од употребената батерија
Батерија
дозволена температура на 
околината
– при полнење
– при работа*
– при  складирање
°C
°C
°C
0...+45
–20...+50
–20...+60
препорачани батерии
GBA 10,8V x,xAh O–.
* ограничена јачина при температури <0 °C
GST 10,8 V-LI
Мерни вредности за бучава во согласност 
со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, 
типично изнесува
Ниво на звучен притисок
Ниво на звучна јачина
Несигурност K
Носете заштита за слухот!
dB(A)
dB(A)
dB
77
88
3
OBJ_BUCH-1994-001.book  Page 157  Tuesday, October 1, 2013  2:18 PM

158 | Македонски 
1 619 P11 351 | (1.10.13)
Bosch Power Tools
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е 
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и 
може да се користи за меѓусебна споредба на 
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за 
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на 
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се 
користи за други примени, со различна опрема, алатот 
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се 
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова 
може значително да го зголеми оптоварувањето со 
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, 
треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е 
исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во 
употреба. Ова може значително да го намали оптовару-
вањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за 
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како 
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и 
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на 
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните произ-
води во „Технички податоци“ се сообразни со следните 
норми или нормативни документи: EN 60745 според 
одредбите на регулативите 2009/125/EC (одредба 
1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division 
D-70745 Leinfelden-Echterdingen 
Leinfelden, 23.08.2013
Монтажа

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како 
и при негов транспорт и складирање, извадете ја 
батеријата од него. При невнимателно ракување со 
прекинувачот за вклучување/исклучување постои 
опасност од повреди.
Полнење на батеријата

Користете ги само полначите што се наведени на 
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни 
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен 
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За 
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба 
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое 
време, без да се намали нивниот рок на употреба. 
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска 
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. 
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе 
се исклучи со помош на заштитно струјно коло: 
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на 
батеријата 
5 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 1
Приказот за наполнетост на батеријата свети само 5 секун-
ди по ставањето во употреба.
Доколку по вклучувањето не свети LED сијаличката, 
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Вметнување/замена на листот за пилата

При монтажа на листот од пилата носете заштитни 
ракавици. При допирање на листот за пилата постои 
опасност од повреда.
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на 
крајот на ова упатство. Поставувајте само листовите за 
пила со сечило со еден заоблен дел (T-сечило). Листот за 
пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за 
предвидениот рез. 
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A)

Исчистете го сечилото на листот за пила пред 
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се 
прицврсти стабилно.
Вметнете го листот на пилата 
14 додека не се вклопи во 
лостот за подигање 
11. SDS-лостот 18  автоматски 
отскокнува наназад, и листот на пилата се фиксира. Не го 
притискајте рачно лостот 
18 наназад, Инаку електричниот 
апарат може да се оштети.
Вкупните вредности на вибрации a
h
 
(векторски збор на трите насоки) и 
несигурност K дадени се во согласност со 
EN 60745:
Сечење на шперплочи:
a
h
K
Сечење на метален плех:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
m/s
2
m/s
2
5,5
1,5
5,0
1,5
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
GST 10,8 V-LI
LED
Капацитет
Трајно светло 3 x зелено
2/3
Трајно светло 2 x зелено
1/3
Трајно светло 1 x зелено
<1/3
Трепкаво светло 1 x зелено
резерва
Трепкаво светло 3 x зелено
празно
OBJ_BUCH-1994-001.book  Page 158  Tuesday, October 1, 2013  2:18 PM

 Македонски | 
159
Bosch Power Tools
1 619 P11 351 | (1.10.13)
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа, 
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на 
водечкиот валјак 
10 .

Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво 
поставениот лист за пила може да испадне и да ве 
повреди.
Исфрлање на листот за пила (види слика B)

При исфрлањето на листот за пила, држете го 
електричниот апарат на тој начин што нема да биде 
во близина на лица или животни кои би можеле да се 
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете го SDS-лостот 
18 до крај нанапред во правец на 
заштитата од случаен контакт 
19 . Листот за пила ќе се 
олабави и исфрли.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои 
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по 
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата 
прав може да предизвика алергиски реакции и/или 
заболувања на дишните патишта на корисникот или 
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или 
бука важат како канцерогени, особено доколку се во 
комбинација со дополнителни супстанци (хромат, 
средства за заштита на дрво). Материјалите што 
содржат азбест може да бидат обработувани само од 
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен 
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното 
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при 
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за 
материјалот кој го обработувате.


Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   31   32   33   34   35   36   37   38   ...   49




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет