Mk Оригинално упатство за работа sr


Монтажа Снабдување на радиото со енергија



Pdf көрінісі
бет26/34
Дата27.03.2017
өлшемі14,91 Mb.
#10411
1   ...   22   23   24   25   26   27   28   29   ...   34

Монтажа
Снабдување на радиото со енергија
Снабдувањето на радиото со енергија може да се изврши 
со мрежниот напојувач 24 или преку литиум-јонска 
батерија 15.
Работа со батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за 
радиото може да доведе до погрешно функционирање 
или до оштетување на истото.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За 
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба 
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
 Користете ги само полначите коишто се наведени во 
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се 
погодни за литиум-јонската батерија за Вашето радио.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое 
време, без да се намали нивниот рок на употреба. 
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Ставете ја батеријата во отворот 
17 така што приклучоците 
на батеријата ќе лежат на приклучоците во отворот за 
батерија 17 и вклопете ја батеријата во отворот.
Приказот за наполнетост на батеријата b се појавува на 
екранот, штом се стави батерија со доволен напон и 
радиото се поврзе со струјна мрежа, но не преку 
мрежниот напојувач 24.
Состојбата на наполнетост на батеријата b го покажува 
моменталниот статус на батеријата. Доколку приказот за 
состојбата на наполнетост на батеријата трепка, 
батеријата мора да се наполни.
За вадење на батеријата 15 притиснете ги копчињата за 
отклучување 16 на батеријата и извлечете ја од 
преградата за батерии 17.
Режим на работа со мрежен напојувач
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на 
изворот на струја за мрежниот напојувач мора да 
одговара на податоците на спецификационата плочка 
на мрежниот напојувач.
Отворете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот 
конектор 23. Ставете го приклучокот на уредот 25 на 12-V-
мрежен напојувач во приклучниот конектор 23
Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
 Користете исклучиво оригинален мрежен напојувач 
од Bosch, којшто е наменет за Вашето радио. Само на 
тој начин ќе биде овозможена беспрекорна работа на 
радиото.
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го 
заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 
23
доколку сте го извадиле приклучокот на уредот.
Мрежниот напојувач 24 може да се чува во преградата за 
складирање на радиото доколку не го употребувате. Потоа 
отворете го лостот за заклучување 21 и отворете го 
поклопецот 20 на преградата за складирање.
Преносливо радио
EasyRadio 12
Број на дел/артикл
3 603 JB1 0..
Батерии за резервно 
напојување
2 x 1,5 V (LR03/AAA)
Акумулатор
V
10,8 – 12
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг
1,7
дозволена температура на 
околината
– при  полнење
– при режим на работа*
– при  складирање
°C
°C
°C
0...+45
–10...+40
–20...+50
Препорачани батерии
PBA 10,8V ...
PBA 12V ...
Препорачани полначи
AL 11.. CV
Аудио режим/радио
Работен напон
– при режим на работа со 
мрежен напојувач
– при  работа со батерии
V
V
12
10,8 – 12
Номинална јачина на 
зајакнувачот (при режим 
на работа со мрежен 
напојувач)
2 x 5 W
Приемно поле
– UKW
– MW
MHz
kHz
87,5–108
531–1602
* ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Мрежен напојувач
Број на дел/артикл
1 600 A00 0..
Влезен напон
V~
100–240
Фреквенција
Hz
50/60
Влезна струја
мА
500
Излезен напон
V=
12
Излезна струја
мА
1500
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг
0,2
Класа на заштита
/
II
Приказ
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
Празен акумулатор
OBJ_BUCH-3005-001.book  Page 123  Monday, September 5, 2016  11:47 AM

124 | Македонски 
1 609 92A 1PT | (5.9.16)
Bosch Power Tools
Ставање/менување на батериите за резервно 
напојување
За да може да го меморирате времето на часовникот на 
радиото, мора да се стават батерии за резерно 
напојување. Притоа се препорачува користење на 
алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 
олабавете ја завртката 18 и извадете го поклопецот од 
преградата за батерии 19. Ставете ги батериите за 
резервно напојување. Притоа внимавајте на половите во 
согласност со приказот на надворешната страна на 
поклопецот на преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии 
19 и прицврстете го со завртката 18.
Заменете ги батериите за резервно напојување, доколку 
приказот e стане послаб и времето на часовникот на 
радиото не може да се меморира.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете 
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги резервните батерии од радиото 
доколку не сте го користеле подолг период. Доколку 
се подолго време складирани, резервните батерии 
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
 Заштитете го радиото од влага и директно 
изложување на сончеви зраци. Радиото смее да се 
употребува само во суви внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за 
вклучување-исклучување 3. Екранот ќе се активира 8 и ќе 
го пушти аудио изворот поставен при последното 
исклучување на радиото.
Напомена: За време на првата употреба со акумулатор 
или по подолг период на неупотребување на радиото, 
можно е да треба повеќе пати или подолго да го притис-
нете копчето за вклучување-исклучување 3 за да го 
вклучите уредот.
Екранот 8 ќе се осветли неколку секунди при секое 
притискање на копчето.
За исклучување на радиото одново притиснете на 
копчето за вклучување-исклучување 3. Ќе се зачува 
моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радиото само 
доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува средна 
гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето 
„Vol +“ 6, а за намалување на гласноста на копчето „Vol –“ 
5. Подесувањето на гласноста „VL“ се појавува со вред-
ност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на приказот e на 
екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата 
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот 
на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето 
„Mute“ 13. За да го вклучите повторно тонот, притиснете 
одново или на копчето „Mute“ 13 или на едно од 
копчињата за гласност „Vol +“ 6 одн. „Vol –“ 5.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има 
вграден изедначувач.
За да го смените рачно нивото на бас, притиснете еднаш 
на копчето „Equalizer“ 4. На екранот се појавуваат „BA“ 
како и зачуваната вредност на нивото на басот на приказот 
e. За нивото на високиот тон одново притиснете го копчето 
„Equalizer“ 4, на приказот e се појавуваат „TR“ како и 
зачуваните вредности на нивото на висок тон.
Нивото на бас одн. висок тон може да се промени во гра-
ници од –5 до +5. За зголемување на прикажаната вред-
ност притиснете на копчето „Vol +“ 6, а за намалување на 
копчето „Vol –“ 5. Променетите вредности автоматски ќе 
се зачуваат, доколку приказот e се врати на приказ на 
времето неколку секунди по последното притискање на 
копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source“ 
14, додека на екранот не се појави приказот f за саканиот 
внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување 
на радио станицата“, страна 124) одн. надворешен аудио 
извор (види „Приклучување на надворешни аудио 
извори“, страна 125):
– „FM“: радио преку UKW,
– „AM“: радио преку MW,
– „AUX“: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер) 
преку 3,5-mm-отвор 22.
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена 7
За време на работата на радиото свртете ја антената во 
правецот, којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место 
со подобар прием.
Напомена: При работа на радиото во непосредна близина 
на радио инсталации, радио уреди или други електронски 
уреди може да дојде до попречување на радио приемот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор 
„Source“ 
14, додека на приказот не се појави f „FM“ за приемното 
поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM“ за приемното 
поле средни бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција при-
тиснете на копчето за пребарување нанапред 
 12, за да 
ја зголемите фреквенцијата, одн. копчето за пребарување 
наназад  
11, за да ја намалите фреквенцијата. 
Моменталната фреквенција се појавува на приказот a на 
екранот.
OBJ_BUCH-3005-001.book  Page 124  Monday, September 5, 2016  11:47 AM

 Македонски | 125
Bosch Power Tools
1 609 92A 1PT | (5.9.16)
За пребарување на радио станици со висока јачина на 
сигналот притиснете на копчето за пребарување 
нанапред  
12 одн. копчето за пребарување наназад 
 
11 и држете го кратко притиснато. Фреквенцијата на 
пронајдената радио станица се појавува на приказот a на 
екранот.
При доволно јак прием на соодветен сигнал радиото 
автоматски се префрла на стерео прием. На екранот се 
појавува приказот за стерео прием c.
За зачувување на подесената станица притиснете на 
едно од копчињата за зачувување на програмата 9  3 с. 
Штом на приказот се појават e „PR“ како и бројот на 
избраното копче за зачувување на програмата, станицата 
е зачувана.
Можете да зачувате 5 UKW-станици и 5 MW-станици. 
Внимавајте, веќе зафатеното место за зачувување ќе се 
замени со ново поставената радио станица доколку 
одново изберете.
За репродукција на зачуваната станица притиснете 
кратко на соодветното копче за зачувување на програмата 
9. На приказот e неколку секунди се појавуваат „PR“ како 
и бројот на зачуваната програма.
Приклучување на надворешни аудио извори
Покрај вграденото радио може да се репродуцираат 
различни надворешни аудио извори.
Извадете го заштитното капаче на „AUX IN“-отворот 22
Ставете го аголниот 3,5-mm-приклучок на AUX-кабелот 26 
во отворот (погледни ја сликата на графичката страница). 
Приклучете го другиот приклучок на AUX-кабелот на 
соодветен аудио извор.
За репродукција на приклучениот аудио извор, притискај-
те на копчето за избор на аудио извор „Source“ 14, додека 
на приказот f на екранот не се појави „AUX“.
Заради заштита од нечистотии повторно ставете го 
заштитното капаче на „AUX IN“-отворот 22, откако ќе го 
извадите приклучокот на AUX-кабелот.
Приказ на време
Радиото располага со приказ на време со одделно 
напојување со енергија. Доколку во преградата се ставени 
резервни батерии со доволен капацитет (види 
„Ставање/менување на батериите за резервно 
напојување“, страна 124), времето може да се зачува, 
дури и доколку радиото е исклучено од напојувањето со 
енергија преку батерија или мрежен напојувач.
Подесување на времето на часовникот
– За да го подесите времето на часовникот притискајте на 
копчето за подесување на времето   10, додека бројот 
на часови не започне да трепка на приказот e.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред 
 
12 одн. копчето за пребарување наназад 
 11
додека не се прикаже точниот број на часови.
– Одново притиснете на копчето  
10, така што бројот на 
минути ќе почне да трепка на приказот e.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред 
 
12 одн. копчето за пребарување наназад 
 11
додека не се прикаже точниот број на минути.
– Притиснете на копчето  
10 по трет пат, за да го 
зачувате времето на часовникот.
Совети при работењето
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од 
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во 
автомобилот летно време.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана 
подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5 
циклуси на полнење и празнење.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека 
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Дефект – Причини и помош
Причина
Помош
Радиото не функционира
Нема напојување со 
енергија
Ставете го мрежниот 
напојувач и приклучокот на 
уредот одн. наполнетиот 
акумулатор (целосно)
Радиото е премногу топло 
одн. ладно
Почекајте додека радиото 
не ја постигне работната 
температура
Радиото не функционира при мрежно работење
Мрежниот напојувач или 
приклучниот кабел е 
дефектен
Проверете ги мрежниот 
напојувач и приклучниот 
кабел и доколку е потребно 
заменете ги
Ставен е погрешен мрежен 
напојувач
Користете оригинален 
Bosch мрежен напојувач (на 
располагање и како 
резервен дел)
Радиото не функционира при работа на акумулатор
Контактите на батеријата се 
извалкани
Исчистете ги контактите на 
батеријата; на пр. повеќе 
пати вметнете ја и извадете 
ја батеријата, ев. заменете 
ја
Дефектна батерија
Менување на батеријата
Акумулаторот е премногу 
топол одн. ладен
Почекајте додека 
батеријата не ја достигне 
работната температура
Радиото ненадејно откажува
Мрежниот напојувач одн. 
акумулаторот не се правил-
но одн. целосно вметнати
Ставете го правилно и це-
лосно мрежниот напојувач 
одн. акумулаторот
OBJ_BUCH-3005-001.book  Page 125  Monday, September 5, 2016  11:47 AM

126 | Srpski 
1 609 92A 1PT | (5.9.16)
Bosch Power Tools
Доколку со наведените помошни мерки не успеете да ја 
отстраните пречката, контактирајте ја овластената 
сервисна служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на радиото, за да може истото 
добро и сигурно да работи.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не 
користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во 
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ 
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и 
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви 
помогне доколку имате прашања за нашите производи и 
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве 
молиме наведете го 10-цифрениот број од 
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на 
Законот за опасни материјали. Батериите може да се 
транспортираат само од страна на корисникот, без 
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. 
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се 
внимава на специјалните напомени на амбалажата и 
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката 
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е 
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте 
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во 
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни 
национални прописи.
Отстранување
Радијата, мрежните напојувачи, 
акумулаторот/батериите, опремата и амбалажите 
треба да се отстранат на еколошки прифатлив 
начин.
Не ги фрлајте радијата, мрежните напојувачи и 
акумулаторите/батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 
2012/19/EU електричните уреди што се 
вон употреба и дефектните или 
искористените батерии според 
регулативата 2006/66/EC мора одделно 
да се соберат и да се рециклираат за 
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на 
напомените во дел „Транспорт“, 
cтрана 126.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Pročitajte sva upozorenja i 
uputstva. Propusti u pridržavanju 
napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju 
električni udar, požar i/ili teške povrede.
Sve napomene za sigurnost i uputstva sačuvajte za 
budućnost.
Pojam „Radio uređaj“, koji se upotrebljava u napomenama za 
sigurnost, odnosi se na radio uređaje koji rade u mreži (sa 
napojnom jedinicom sa utikačem) i na radio uređaje koji rade 
na akumulatorske baterije (bez napojne jedinice sa 
utikačem).
 Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. 
Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi 
nesrećama.
 Mrežni utikač napojne jedinice sa utikačem mora da 
odgovara utičnici. Utikač ne smete nikako da menjate. 
Utikače preko adaptera nemojte da upotrebljavate 
zajedno sa radio uređajima. Nepromenjeni utikači i 
odgovarajuće utičnice smanjuju rizik električnog udara.
Лош радио прием
Пречки од други уреди или 
неповолно место на 
поставување
Поставете го радиото на 
друго место со подобар 
прием одн. на поголемо 
растојание од другите 
електронски уреди
Пречки во приказот на времето
Резервните батерии за 
часовникот се празни
Заменете ги резервните 
батерии
Резервните батерии се 
ставени со погрешен 
поларитет
Ставете ги резервните 
батерии со правилен 
поларитет
Причина
Помош
UPOZORENJE
OBJ_BUCH-3005-001.book  Page 126  Monday, September 5, 2016  11:47 AM

 Srpski | 127
Bosch Power Tools
1 609 92A 1PT | (5.9.16)
 Nemojte pogrešno da upotrebljavate kabl za napojne 
jedinice sa utikačem, kako biste nosili radio, kako biste 
ga okačili ili kako biste utikač izvukli iz utičnice. Držite 
kabl dalje od vreline, ulja, oštrih ivica ili delova uređaja 
koji se pokreću. Oštećeni ili uvrnuti kablovi povećavaju 
rizik električnog udara.
 Priključni kabl napojne jedinice sa utikačem u 
potpunosti odmotajte, ako radio puštate u rad preko 
mrežnog priključka. Priključni kabl inače može da se 
zagreje.
 Pazite na to da mrežni kabl možete da izvučete u svako 
doba. Mrežni utikač je jedina mogućnost da radio isključite 
sa strujne mreže.
Radio uređaj i napojnu jedinicu sa utikačem 
sklonite sa kiše ili od vlage. Prodiranje vode u 
radio uređaj ili napojnu jedinicu sa utikače 
povećava rizik od električnog udara.
 Održavajte čistoću radio uređaja i napojne jedinice sa 
utikačem. Zbog nečistoće postoji opasnost od električnog 
udara.
 Pre svakog korišćenja proverite radio uređaj, napojnu 
jedinicu sa utikačem, kabl i utikač. Radio uređaj 
nemojte da koristite, ukoliko ste utvrdili oštećenja. 
Samostalno nemojte da otvarate radio uređaj i napojnu 
jedinicu sa utikačem i dajte neka Vam ih popravi samo 
stručno osoblje i samo pomoću originalnih rezervnih 
delova. Oštećeni radio uređaji, napojne jedinice sa 
utikačem, kabl i utikač povećavaju rizik od električnog 
udara.
 Ovaj radio uređaj nije predviđen za to da ga koriste 
deca i lica sa ograničenim fizičkim, senzornim ili 
mentalnim sposobnostima ili nedostatkom iskustva i 
znanja. Ovaj radio uređaj mogu da koriste deca od 8 
godina i lica sa ograničenim psihičkim, senzornim ili 
duševnim sposobnostima ili lica sa nedostatkom 
iskustva i znanja, ukoliko ih nadzire lice koje je 
odgovorno za njihovu sigurnost ili ako ih ono uputi u 
siguran rad sa radio uređajem i ako razumeju sa time 
povezane opasnosti. U suprotnom postoji opasnost od 
pogrešnog rukovanja i povreda.
 Prilikom korišćenja, čišćenja i održavanja nadzirite 
decu. Na taj način se uveravate da se deca ne igraju sa 
radio uređajem.
 Ne otvarajte bateriju. Postoji opasnost od kratkog spoja.
Zaštitite aku bateriju od izvora toplote, npr. i od 
trajnog Sunčevog zračenja, vatre, vode i vlage. 
Inače postoji opasnost od eksplozije.
 Držite nekorišćenu aku-bateriju podalje od 
kancelarijskih spajalica, novčića, ključeva, eksera, 
zavrtanja ili drugih sitnih metalnih predmeta, koji bi 
mogli prouzrokovati premošćavanje kontakta. Kratak 
spoj izmedju kontakta aku-baterije može imati za posledicu 
opekotine ili požar.
 Kod pogrešne primene može tečnost da izadje iz akku. 
Izbegavajte kontakt sa njom. Kod slučajnog kontakta 

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   22   23   24   25   26   27   28   29   ...   34




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет