168 | Македонски
1 609 92A 119 | (20.2.15)
Bosch Power Tools
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
Приклучокот на радио апаратот за градилиште мора
да одговара на приклучницата. Приклучокот во
никој случај не смее да се менува. Не користете
адаптерски приклучоци во комбинација со
заземјениот радио апарат за градилиште.
Неменувањето на прекинувачот и соодветните при-
клучници го намалуваат ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, на пр. за
да го носите радио апаратот за градилиште, за да го
закачите или да го извлечете приклучокот од
приклучницата. Држете го кабелот понастрана од
топлина, масло, остри рабови или подвижните
компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Целосно одвиткајте го мрежниот кабел, доколку го
користите радио апаратот со мрежен приклучок.
Инаку мрежниот кабел може да се загрее.
Мрежниот приклучок треба да биде достапен за
извлекување во било кое време. Мрежниот
приклучок претставува единствена можност да го
исклучите радио апаратот за градилиште од струјната
мрежа.
Доколку со радио апаратот за градилиште работите
на отворено, користете само продолжен кабел што
може да се користи во надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето радио апаратот за
градилиште во влажна околина не може да се
избегне, користете заштитен уред со диференцијал-
на струја. Употребата на заштитниот уред со диферен-
цијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Приклучете го радио апаратот на правилно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Држете го радио апаратот за градилиште
подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на
вода во радио апаратот за градилиште го
зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на радио апаратот за
градилиште. Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
Пред секоја употреба проверете ги радио апаратот
за градилиште, кабелот и приклучокот. Не го
користете радио апаратот за градилиште доколку
забележите оштетувања. Не го отворајте сами
радио апаратот за градилиште и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетените радио апарати за градилиште, кабел и
приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
Овој радио апарат за градилиште не е предвиден за
користење од страна на деца и лица со намалени
психички, физички или ментални способности или
недоволно искуство и знаење. Овој радио апарат за
градилиште може да го користат деца над 8 години,
како и лица со намалени физички, сензорни и
ментални способности или недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со радиото и ги разбираат опасностите
кои може да произлезат од истото. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и повреди.
За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио
апаратот за градилиште.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Батеријата користете ја само заедно со Вашиот
радио апарат за градилиште и/или електричен
апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио апаратот
за градилиште.
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 168 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
Македонски |
171
Bosch Power Tools
1 609 92A 119 | (20.2.15)
Употреба
Заштитете го радио апаратот за градилиште од влага
и директно сончево зрачење.
Аудио режим (види ги сликите B и C)
Вклучување/исклучување на аудио режим
За
вклучување на аудио режимот (радио и надворешни
уреди за репродукција) притиснете на копчето за
вклучување-исклучување
26. Екранот
27 ќе се активира и
ќе го репродуцира аудио изворот поставен при послед-
ното исклучување на радио апаратот за градилиште.
Доколку радио апаратот за градилиште е во режим на
заштеда на енергија (види „Режим за заштеда на
енергија“, страна 174), за да го вклучите аудио режимот
притиснете два пати на копчето за вклучување-
исклучување
26.
За
исклучување на аудио режимот одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување
26. Ќе се зачува
моменталната поставка на аудио изворот.
За да заштедите енергија, вклучувајте го радио апаратот
за градилиште само доколку го користите.
Подесување на гласноста
За да ја зголемите гласноста свртете го ротационото копче
„Volume“ 25 во правец на стрелките од часовникот, а за
намалување на гласноста свртете го ротационото копче во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста (вредност помеѓу 0 и 20) се
појавува неколку секунди на приказот
d на екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радио апаратот за
градилиште има вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените рачно
или да ги користите претходните подесувања на бојата на
тонот за различни стилови музика. Може да ги изберете
претходно програмираните поставки
„JAZZ“,
„ROCK“,
„
POP“ и
„CLASSICAL“ како и самопрограмирачката
поставка
„CUSTOM“.
За да ги изберете зачуваните
претходни подесувања за
бојата на тонот, притискајте на копчето за избор на
претходни подесувања за бојата на тонот
„Equalizer“ 15,
додека не се појави саканата поставка на приказот
a на
екранот.
Промена на поставката „CUSTOM“:
– Притиснете еднаш на копчето за рачно подесување на
бојата на тонот
„Custom“ 17. На екранот трепкаат
приказот
„BAS“ c и на приказот
d зачуваната вредност
на нивото на бас.
– Поставете го саканото ниво на бас (вредност помеѓу 0 и
10). За да го зголемите нивото на бас свртете го
ротационото копче
„Bass/Treb“ 25 во правец на
стрелките на часовникот, а за да го намалите свртете го
во правец спротивен на стрелките од часовникот.
– За зачувување на поставеното ниво на бас притиснете на
копчето за рачно подесување на бојата на тонот
„Custom“ 17 по втор пат. На екранот трепкаат приказот
„TRE“ b за следната поставка на нивото на висок тон, а на
приказот
d зачуваната вредност на нивото на висок тон.
– Поставете го саканото ниво на висок тон (вредност
помеѓу 0 и 10). За да го зголемите нивото на висок тон
свртете го ротационото копче
„Bass/Treb“ 25 во
правец на стрелките на часовникот, а за да го намалите
свртете го во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
– За зачувување на поставеното ниво на висок тон
притиснете на копчето за рачно подесување на бојата
на тонот
„Custom“ 17 по трет пат.
0>0>
Достарыңызбен бөлісу: