Uk Оригінальна інструкція з експлуатації kk


Сервис  Поправката на Вашиот електричен апарат смее да



Pdf көрінісі
бет40/55
Дата12.03.2017
өлшемі7,1 Mb.
#9103
1   ...   36   37   38   39   40   41   42   43   ...   55

Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе 
бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.
Безбедносни напомени за брусилки за сечење 
со брусни плочи
 Заштитната хауба мора да се зацврсти на 
електричниот апарат и на највисоко ниво на 
безбедност, т. е. и најмалите делови на брусното 
тело да бидат видливи за лицето што го користи 
апаратот. Лицата што се наоѓаат во близина држете 
ги подалеку од нивото на ротирачката брусна плоча. 
Заштитната хауба треба да го заштити лицето што 
ракува од скршени парчиња и случаен контакт со 
брусното тело.
 Користете исклучиво зајакнати или дијамантски 
обложени брусни плочи за сечење за Вашиот 
електричен апарат. Не е загарантирана безбедна 
употреба, само заради фактот дека приборот може да 
се прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се 
вметнува мора да биде исто толку висок како 
највисокиот број на вртежи наведен на 
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од 
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
 Телата за брусење смее да се користат само за 
предвидените можности на примена. На пр.: не 
брусете со страничната површина на брусната плоча 
за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за 
сечење материјал со работ на плочата. Со странична 
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се 
скршат.
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница 
со соодветна големина на брусните плочи што сте ги 
одбрале за работа. Соодветната прирабница ја држи 
брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење 
на брусната плоча.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот 
што се вметнува мора да одговараат на димензиите 
на вашиот електричен апарат. Погрешно 
димензионираните алати за вметнување не може 
доволно да се заштитат или контролираат.
 Брусните плочи и прирабницата мора точно да 
одговараат на вретеното за брусење на вашиот 
електричен апарат. Алатите за вметнување што не 
може точно да се прицврстат на вретеното за брусење 
на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, 
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на 
контролата.
OBJ_BUCH-1725-001.book  Page 183  Monday, March 17, 2014  8:50 AM

184 | Македонски 
3 609 929 C88 | (17.3.14)
Bosch Power Tools
 Не користете оштетени брусни плочи. Пред секоја 
употреба проверете ги брусните плочи дали се 
искинати и со пукнатини. Доколку ви падне 
електричниот апарат или брусната плоча, проверете 
дали се оштетени или пак употребете неоштетена 
брусна плоча. Откако сте ја провериле и ставиле 
брусната плоча, не им дозволувајте на лицата да 
бидат во близина на нивото на ротирачката брусна 
плоча и оставете го апаратот да врти една минута на 
највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените 
брусни плочи ќе се скршат во текот на овој пробен 
период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од 
употребата, носете целосна заштита за лицето, 
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете 
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни 
ракавици или специјални престилки што ќе ве 
заштитат од честичките настанати при брусење на 
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите 
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната 
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и 
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат 
правта што настанува при употребата. Доколку сте 
изложени на гласна врева подолго време, може да го 
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете 
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе 
во работното поле, мора да носи лична заштитна 
опрема. Парчињата од делот што се обработува или 
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу 
и да предизвикаат повреди и надвор од директното 
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со 
струјниот кабел може да ги стави под напон металните 
делови на уредот и да доведе до електричен удар.
 Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што 
се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, 
струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и 
да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се 
вметнува.
 Никогаш не го оставајте електричниот апарат, 
доколку алатот за вметнување не е целосно во 
состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се 
вметнува може да дојде во контакт со површината на 
која сте го оставиле апаратот и да ја загубите 
контролата над електричниот апарат.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон 
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од 
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, 
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на 
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот 
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема 
количина на метална прав може да предизвика 
електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина на 
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може 
да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е 
потребно течно средство за разладување. 
Користењето на вода и други течни средства за 
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Повратниот удар е ненадејна реакција како последица 
од заглавена или блокирана ротирачка брусна плоча. 
Заглавувањето или блокирањето води кон отсечно 
запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Така, 
неконтролираниот електричен апарат се забрзува 
наспроти правецот на вртење на алатот што се 
вметнува на местото на блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна 
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што 
се обработува може да се закачи и така да ја скрши 
брусната плоча или да предизвика повратен удар. 
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или 
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на 
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните 
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на 
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни 
прописни мерки, како што е опишано подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете 
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе 
може да ја издржите повратната сила. Секогаш 
користете дополнителна дршка, доколку постои, за 
да имате што е можно поголема контрола над силата 
од повратниот удар или реакциските моменти при 
работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот 
може со соодветни мерки на претпазливост да го 
совлада повратниот удар или реакциските сили.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на 
ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се 
вметнува може да ви избега од рацете.
 Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката 
брусна плоча за сечење. Повратниот удар го 
потиснува електричниот апарат во правец спротивен 
на движењето на брусната плоча на местото на 
блокирање.
 Особено внимателно работете во подрачјето со 
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите 
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се 
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се 
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од 
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење 
на контролата или повратен удар.
 Не користете синџирест или запчест лист за сечење 
како и сегментни дијамантски плочи со процепи 
широки повеќе од 10 мм. Таквите алати за 
вметнување честопати предизвикуваат повратен удар 
или губење на контролата над електричниот апарат.
OBJ_BUCH-1725-001.book  Page 184  Monday, March 17, 2014  8:50 AM

 Македонски | 185
Bosch Power Tools
3 609 929 C88 | (17.3.14)
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за 
сечење или преголем притисок. Не изведувајте 
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на 
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната 
искористеност и склоност на закосување или 
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или 
кршење на брусното тело.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или 
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и 
држете го мирно, додека плочата не дојде во 
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, 
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите 
од резот, бидејќи може да настане повратен удар. 
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги 
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, 
додека се наоѓа во делот што се обработува. 
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне 
полниот вртежен момент, пред да продолжите со 
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од 
делот што се обработува или да предизвика повратен 
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за 
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен 
удар поради заглавената брусна плоча за сечење. 
Големите делови што се обработуваат може да се 
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува 
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во 
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење 
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. 
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или 
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти 
може да предизвика повратен удар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Зацврстете го делот што се обработува со стеги или 
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го 
држите делот што се обработува само со рака или 
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до 
губење на контролата.
 Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за 
заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита 
од прав носете маска од класата FFP 2 со 
филтрирање на најмалку една честичка.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. Контактот со 
електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување или може да 
предизвика електричен удар.
 Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата, 
додека не се олади. Брусната плоча за сечење за 
време на работата се вжештува.
 При работата, држете го електричниот апарат 
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна 
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе 
управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување 
со вшмукувач од класата на прав M, на цврста подлога со 
лизгачки водилки претежно во минерални материјали на 
пр. армиран бетон, ѕидни конструкции и облоги за 
патишта без употреба на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.
Прекинувач за вклучување/исклучување
Скала за подесување на длабочината на сечење
Лизгачки валјаци
Дополнителна дршка
Држач за дополнителната дршка
Шраф за фиксирање за држачот на дополнителната 
дршка
Копче за блокирање на вретеното
Заштитна хауба со лизгачки водилки
Затезен лост за подесување на длабинскиот 
граничник
10 Млазници за вшмукување
11 Зглоб за вшмукување
12 Црево за вшмукување*
13 Шраф
14 Затезен лост за заштитната хауба
15 Вретено за брусење
16 Приклучна прирабница
17 Дијамантска брусна плоча за сечење*
18 Дистанцери
OBJ_BUCH-1725-001.book  Page 185  Monday, March 17, 2014  8:50 AM

186 | Македонски 
3 609 929 C88 | (17.3.14)
Bosch Power Tools
19 Стезна навртка
20 Клуч со два отвори за затезната навртка*
21 Алат за отстранување на сегменти*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности одредени според EN 60745 (песок-
варовник).
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: 
ниво на звучен притисок 97 dB(A); ниво на звучна јачина 
108 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
 (векторски збор на 
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со 
EN 60745:
a
h
=9,0 m/s
2
, K<2,0 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е 
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и 
може да се користи за меѓусебна споредба на 
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за 
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на 
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се 
користи за други примени, со различна опрема, алатот 
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се 
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова 
може значително да го зголеми оптоварувањето со 
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со 
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој 
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога 
е во употреба. Ова може значително да го намали 
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното 
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за 
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како 
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и 
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на 
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните 
производи во „Технички податоци“ се сообразни со 
следните норми или нормативни документи: EN 60745 
според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
19.02.2014
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат, извлечете го струјниот приклучок од 
ѕидната дозна.
Вшмукувач за прав
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои 
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по 
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата 
прав може да предизвика алергиски реакции и/или 
заболувања на дишните патишта на корисникот или 
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или 
бука важат како канцерогени, особено доколку се во 
комбинација со дополнителни супстанци (хромат, 
средства за заштита на дрво). Материјалите што 
содржат азбест може да бидат обработувани само од 
страна на стручни лица.
Глодалка за жлебови во ѕид
GNF 65 A
Број на дел/артикл
0 601 368 7..
Номинална јачина
W
2400
Излезна моќ
W
1670
Број на празни вртежи
min
-1
5200
макс. дијаметар на 
дијамантските брусни плочи 
за сечење
мм
230
Работење со една 
дијамантска брусна плоча за 
сечење
– мин. дебелина на 
брусните плочи за сечење
– макс. дебелина на 
брусните плочи за сечење
мм
мм
2,3
2,8
Работење со две 
дијамантски брусни плочи за 
сечење
– мин. дебелина на 
брусните плочи за сечење
– макс. дебелина на 
брусните плочи за сечење
мм
мм
2 x 2,3
2 x 2,8
Отвор за прифатот
мм
22,2
Длабочина на жлебот
мм
20 – 65
Ширина на жлебот
мм
8 – 40
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01/2003
кг
8,4
Класа на заштита
/
II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие 
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност 
од изведбата во односната земја.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-1725-001.book  Page 186  Monday, March 17, 2014  8:50 AM

 Македонски | 187
Bosch Power Tools
3 609 929 C88 | (17.3.14)
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен 
вшмукувач за прав за материјалот што се 
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното 
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при 
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за 
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за 
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги 
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
 Избегнувајте собирање прав на работното место. 
Правта лесно може да се запали.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на 
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за 
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при 
вклучување на електричниот апарат.
Ставете го зглобот за вшмукување 11 на млазниците за 
вшмукување 10 и приклучете едно црево за вшмукување 
12 (опрема). Поврзете го цревото за вшмукување 12 со 
вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување 
на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете 
на крајот од ова упатство.
Напомени за примена на глодалките за жлебови во ѕид
Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите 
емисијата на прав за време на работата.
– Користете само комбинации на глодалки за жлебови во 
ѕид и вшмукувачи од класата на прав M коишто се 
препорачани Bosch. Другите комбинации може да 
доведат до лошо собирање и раздвојување на правта.
– Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот 
за одржување и чистење на истиот, заедно со 
филтерот. Испразнете го садот за собирање прав, 
веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го 
филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно 
вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
– Користете само црева за вшмукување препорачани од 
Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга 
намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за 
вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш 
да ги извадите од цревото за вшмукување. 
Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
– Користете ја глодалката за жлебови во ѕид исклучиво за 
предвидената намена.
– Користете само беспрекорни и остри алати за 
вметнување. Забележително забавениот напредок во 
работата е знак за истрошени алати за вметнување.
– Внимавајте на општите барања на работните места на 
градилиштата.
– Погрижете се за добра вентилација.
– Овозможете слободен работен простор. При подолги 
жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се 
подесува одн. да се подеси навреме.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за 
заштита од прав и ев.ракавици. Како маска за заштита 
од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање 
на најмалку една честичка.
– За чистење на работното место употребете соодветен 
вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.
Поставување на заштитната хауба
Заштитната хауба 8 може ограничено да се поместува.
Олабавете го затезниот лост 14 и свртете ја заштитната 
хауба 8 во согласност со работните услови. Притоа 
внимавајте да не го поместите шрафот 13.
На крај, повторно прицврстете ја заштитната хауба 8 со 
затезниот лост 14.
Монтирање на дополнителната дршка
Затегнете ја дополнителната дршка 4 во зависност од 
начинот на работа, на десната или левата страна од 
држачот за дополнителната дршка.
По олабавување на шрафот за фиксирање 6, држачот за 
дополнителна дршка може да се подеси во 30°-чекори за 
односната работна постапка.
При прицврстувањето на шрафот за фиксирање 6 
внимавајте на тоа, четирите чивии на држачот за 
дополнителната дршка да влезат во отворите на 
заштитната хауба 8.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за 
сечење
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат, извлечете го струјниот приклучок од 
ѕидната дозна.
 При ставање и менување на дијамантската брусна 
плоча за сечење се препорачува носење на 

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   36   37   38   39   40   41   42   43   ...   55




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет