Uk Оригінальна інструкція з експлуатації kk



Pdf көрінісі
бет33/45
Дата12.03.2017
өлшемі6,02 Mb.
#9102
1   ...   29   30   31   32   33   34   35   36   ...   45

Само за страни от ЕС:
Съгласно Директивата на ЕС 2012/19/EC 
относно бракувани електрически и елек-
тронни устройства и утвърждаването й 
като национален закон електроинстру-
ментите, които не могат да се използват 
повече, трябва да се събират отделно и да 
бъдат подлагани на подходяща преработка за оползотво-
ряване на съдържащите се в тях вторични суровини.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за 
електричните апарати
Прочитајте ги сите 
напомени и упатства за 
безбедност. Грешките настанати како резултат од 
непридржување до безбедносните напомени и упатства 
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или 
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за 
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се 
однесува на електрични апарати што користат струја (со 
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии 
(без струен кабел).
Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро 
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен 
простор може да доведе до несреќи.

Не работете со електричниот апарат во околина 
каде постои опасност од експлозија, каде има 
запаливи течности, гас или прашина. Електричните 
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта 
или пареата.

Држете ги децата и другите лица подалеку за време 
на користењето на електричниот апарат. Доколку 
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите 
контролата над уредот.
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да 
одговара на приклучокот во ѕидната дозна. 
Приклучокот во никој случај не смее да се менува. 
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со 
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на 
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат 
ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените 
површини на цевки, радијатори, шпорет и 
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен 
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
 Електричните апарати држете ги подалеку од дожд 
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот 
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го 
носите електричниот апарат, за да го закачите или 
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете 
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри 
рабови или подвижните компоненти на уредот. 
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за 
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на 
отворено, користете само продолжен кабел што е 
погоден за користење на надворешен простор. 
Користењето на соодветен продолжен кабел на 
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во 
влажна околина не може да се избегне, користете 
заштитен уред со диференцијална струја. 
Употребата на заштитниот уред со диференцијална 
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно 
користете го електричниот апарат. Не користете 
електрични апарати, доколку сте уморни или под 
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент 
на невнимание при употребата на електричниот апарат 
може да доведе до сериозни повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни 
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска 
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем 
или заштита за слухот, во зависност од видот и 
примената на електричниот апарат, го намалува 
ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на 
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен 
електричниот апарат, пред да го приклучите на 
напојување со струја и/или на батерија, пред да го 
земете или носите. Доколку при носењето на 
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте 
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување 
со струја, ова може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за 
зашрафување, пред да го вклучите електричниот 
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите 
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото. 
Застанете во сигурна положба и постојано држете 
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го 
контролирате електричниот апарат во неочекувани 
ситуации.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-1048-004.book  Page 129  Monday, December 14, 2015  11:18 AM

130 | Македонски 
1 609 92A 1FD | (14.12.15)
Bosch Power Tools

Носете соодветна облека. Не носете широка облека 
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците 
подалеку од подвижните делови. Лесната облека, 
накитот или долгата коса може да се зафатат од 
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за 
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно 
се приклучени и прикладно се користат. 
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува 
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го 
соодветниот електричен апарат за Вашата работа. 
Со соодветниот електричен апарат ќе работите 
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има 
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може 
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и 
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или 
извадете ја батеријата, пред да ги смените 
поставките на уредот, да ги замените деловите или 
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за 
предупредување го спречуваат невнимателниот старт 
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца 
електричните апарати кои не ги користите. Овој 
уред не смее да го користат лица кои не се 
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие 
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги 
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи 
својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 
Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе 
бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.
Безбедносни предупредувања за брусилките
Општи безбедносни напомени за брусење и брусење 
со брусна хартија
 Овој електричен апарат се употребува како алатка 
за брусење и брусење со брусна хартија. 
Внимавајте на сите безбедносни напомени, 
упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во 
прилог на електричниот апарат. Доколку не 
внимавате на следните упатства, може да дојде до 
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Овој електричен апарат не е погоден за работа со 
жичани четки, полирање и сечење со брусни плочи. 
Доколку го користите електричниот апарат за 
несоодветни намени, може да предизвика опасност и 
повреди.
 Не користете прибор што не е специјално предвиден 
и препорачан од производителот на овој електричен 
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, 
само заради фактот дека приборот може да се 
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Утврдената брзина на дополнителната опрема за 
брусење мора да биде најмалку еднаква на 
максималната брзина означена на електричниот 
алат. Дополнителната опрема за брусење која работи 
побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се 
распрска насекаде.
 Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата 
дополнителна опрема мора да биде во рамките на 
класата на вашиот моќен алат. Дополнителна опрема 
со несоодветна величина не може соодветно да се 
контролира.
 Брусните плочи, брусните валјаци или другата 
опрема мора да биде соодветна на вретеното за 
брусење или затезната чаура на вашиот електричен 
апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се 
прицврстат во прифатот за алат на електричниот 
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и 
може да доведат до губење на контролата.
 Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и 
другата дополнителна опрема мора целосно да биде 
вметната во затезната чаура или полугата. Ако 
вретеното не е доволно зацврстено и/или валјакот 
премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да 
отпадне со голема брзина.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред 
секое користење, проверете ги алатите што се 
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат 
скинати делови и процепи, дали на брусните валјаци 
има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и 
дали има олабавени или скршени жици на жичаната 
четка. Доколку ви падне електричниот апарат или 
алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен 
или пак употребете неоштетен алат за вметнување. 
Откако сте го провериле и ставиле алатот за 
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат 
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се 
вметнува и оставете го алатот да врти една минута 
OBJ_BUCH-1048-004.book  Page 130  Monday, December 14, 2015  11:18 AM

 Македонски | 
131
Bosch Power Tools
1 609 92A 1FD | (14.12.15)
на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените 
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој 
пробен период.

Носете заштитна опрема. Во зависност од 
употребата, носете целосна заштита за лицето, 
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете 
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни 
ракавици или специјални престилки што ќе ве 
заштитат од честичките настанати при брусење на 
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите 
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната 
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и 
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат 
правта што настанува при употребата. Доколку сте 
изложени на гласна врева подолго време, може да го 
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете 
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе 
во работното поле, мора да носи лична заштитна 
опрема. Парчињата од делот што се обработува или 
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу 
и да предизвикаат повреди и надвор од директното 
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
кабли или сопствениот приклучен кабел. Контактот 
со струјниот кабел може металните делови на уредот да 
ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
 Секогаш држете го цврсто електричниот апарат при 
стартувањето.  При старт со полн број на вртежи, 
реакцискиот момент на моторот може да доведе до тоа, 
електричниот апарат да се заврти.
 Доколку е возможно, употребете клешти за да го 
фиксирате делот што го обработувате. Никогаш не 
го држете делот што се обработува во една рака и 
електричниот апарат во друга додека го користите. 
Со затегнувањето на малите делови за обработка, 
рацете ќе ви бидат слободни за подобра контрола на 
електричниот уред. При сечење на заоблени делови за 
обработка, како на пр. дрвени типли, прачки или цевки, 
тие имаат тенденција да се оттркалаат, при што може да 
се заглават во алатот што се вметнува и да се исфрлат 
кон вас.
 Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите 
што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над 
уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да 
се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во 
алатот што се вметнува.
 Не го оставајте можниот алат долу додека 
дополнителната опрема не запре целосно. 
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да 
го повлече електричниот алат надвор од ваша 
контрола.
 По менувањето на алатите за вметнување или 
поставките на уредот, затегнете ги навртките на 
затезната чаура, затезната глава и останатите 
елементи за прицврстување. Олабавените елементи 
за прицврстување може неочекувано да се поместат и 
да доведат до губење на контролата; неприцврстените 
ротирачки компоненти ќе се исфрлат со голема сила.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон 
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од 
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, 
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на 
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот 
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема 
количина на метална прав може да предизвика 
електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина на 
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може 
да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е 
потребно течно средство за разладување. 
Користењето на вода и други течни средства за 
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или 
закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или 
друга дополнителна опрема. Приклештувањето или 
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на 
ротационата дополнителна опрема, кое од друга 
страна, предизвикува присилно насочување на 
неконтролираниот електричен алат во спротивен 
правец од ротирањето на опремата.
На пример, ако абразивен диск е закачен или 
приклештен од делот што го обработувате, острицата на 
дискот која влегува во приклештената точка може да се 
зарие во површината на материјалот и дискот да се 
помести или ослободи. Дискот може да скокне или 
одбие од операторот, во зависност од насоката на 
движење на дискот во точката на приклештување. 
Абразивните дискови, исто така, може да се искршат 
под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или 
несоодветни оперативни постапки или услови и може 
да се избегне со преземање на соодветните 
превентивни мерки приложени подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете 
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе 
може да ја издржите повратната сила. Со 
преземањето на потребните мерки корисникот може да 
ја совлада силата од повратен удар.
 Особено внимателно работете во подрачјето со 
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите 
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се 
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се 
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од 
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење 
на контролата или повратен удар.
 Не користете назабени листови за пила. Таквите 
алати за вметнување честопати предизвикуваат 
повратен удар или губење на контролата над 
електричниот апарат.
OBJ_BUCH-1048-004.book  Page 131  Monday, December 14, 2015  11:18 AM

132 | Македонски 
1 609 92A 1FD | (14.12.15)
Bosch Power Tools

Алатот за вметнување водете го секогаш по истиот 
правец во материјалот, при што работ на сечење 
минува низ материјалот (истиот правец во кој се 
исфрлаат струготините). Доколку го водите 
електричниот апарат во погрешен правец, може да се 
случи алатот за вметнување да излезе од делот што се 
обработува, при што електричниот апарат ќе се 
повлече во овој правец на поместување.
 При користење на ротирачки струг, алатот секогаш 
треба да биде безбедно прицврстен. Овие дискови се 
заглавуваат ако жлебот незначително се накоси и може 
да се приклештат. Ако одвоениот диск се заглави, 
вообичаено се крши. Ако ротирачкиот струг се заглави, 
може да се одвои од жлебот и може да изгубите 
контрола врз алатот.
Дополнителни безбедносни упатства при брусење
Безбедносни предупредувања специфични за 
брусење
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за 
вашиот електричен апарат и само за препорачаните 
можности за примена. Пример: Не брусете со 
страничната површина на брусната плоча за 
сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за 
сечење материјал со работ на плочата. Со странична 
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се 
скршат.
 За конусните и плоснати брусни клинови со навој 
користете само неоштетени чивии со правилна 
големина и должина, без рез на задната страна. 
Употребата на соодветни чивии ја намалува можноста 
за кршење.
 Не го „притискајте“ дискот за сечење и не 
применувајте прекумерен притисок. Не 
настојувајте да направите прекумерно длабок 
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува 
оптоварувањето и осетливоста на виткање и 
закачување на дискот во засекот и можноста за 
приклештување или кршење на дискот.
 Со рацете избегнувајте го подрачјето пред и зад 
ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку 
брусната плоча за сечење во делот што се обработува ја 
придвижувате подалеку од вашата рака, во случај на 
повратен удар, електричниот апарат со ротирачката 
плоча би можел да се отфрли директно кон вас.
 Кога дискот е приклештен, закачен или кога го 
прекинува сечењето заради некоја причина, 
исклучете го електричниот алат и држете го 
неподвижен додека дискот целосно не запре. 
Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за 
сечење од засекот додека се движи или може да 
дојде до одбивање. Проверете и поправете го за да ја 
елиминирате причината за приклештувањето или 
закачување.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, 
додека се наоѓа во делот што се обработува. 
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне 
полниот вртежен момент, пред да продолжите со 
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од 
делот што се обработува или да предизвика повратен 
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за 
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен 
удар поради заглавената брусна плоча за сечење. 
Големите делови што се обработуваат може да се 
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува 
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во 
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Користете дополнителни мерки на претпазливост 
кога правите „џебен засек“ во постоечки ѕидови или 
други слепи површини. Климав диск може да пресече 
цевки за гас или вода, електрични жици или предмети 
кои може да предизвикаат одбивање.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го 
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и 
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни 
тела, како и за работење со апарати со брусна лента.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.
Затезна чаура
Вретено за брусење
Грло на вретеното
Прекинувач за вклучување/исклучување
Рачка (изолирана површина на дршката)
Вилушкаст клуч со ширина 14 мм*
Вилушкаст клуч со ширина 22 мм*
Точни димензии на вратилото L
0
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.
OBJ_BUCH-1048-004.book  Page 132  Monday, December 14, 2015  11:18 AM

 Македонски | 
133
Bosch Power Tools
1 609 92A 1FD | (14.12.15)
Технички податоци

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   29   30   31   32   33   34   35   36   ...   45




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет