Ru Оригинальное руководство по эксплуатации uk



Pdf көрінісі
бет21/35
Дата03.03.2017
өлшемі11,59 Mb.
#7199
1   ...   17   18   19   20   21   22   23   24   ...   35

електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од 
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот 
што се вметнува мора да одговараат на димензиите 
на вашиот електричен апарат. Погрешно 
димензионираните алати за вметнување не може 
доволно да се заштитат или контролираат.
 Алатите за вметнување со навој мора точно да 
одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај 
алатите за вметнување, што се монтираат со помош 
на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот 
што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на 
прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не 
може точно да се прицврстат на електричниот апарат, 
се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може 
да доведат до губење на контролата.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред 
секое користење, проверете ги алатите што се 
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има 
скинати делови и процепи, дали на брусните 
дискови има пукнатини, дали се истрошени или 
изабени, и дали има олабавени или скршени жици на 
жичаната четка. Доколку ви падне електричниот 
апарат или алатот што се вметнува, проверете дали 
е оштетен или пак употребете неоштетен алат за 
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле 
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата 
да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат 
и оставете го апаратот да врти една минута на 
највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените 
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој 
пробен период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од 
употребата, носете целосна заштита за лицето, 
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете 
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни 
ракавици или специјални престилки што ќе ве 
заштитат од честичките настанати при брусење на 
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите 
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната 
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и 
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат 
правта што настанува при употребата. Доколку сте 
изложени на гласна врева подолго време, може да го 
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете 
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе 
во работното поле, мора да носи лична заштитна 
опрема. Парчињата од делот што се обработува или 
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу 
и да предизвикаат повреди и надвор од директното 
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
OBJ_BUCH-347-006.book  Page 102  Thursday, August 29, 2013  11:23 AM
RAMIRENT

 Македонски | 103
Bosch Power Tools
1 609 92A 0E4 | (29.8.13)
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со 
струјниот кабел може да ги стави под напон металните 
делови на уредот и да доведе до електричен удар.
 Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што 
се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, 
струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и 
да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се 
вметнува.
 Никогаш не го оставајте електричниот апарат, 
доколку алатот за вметнување не е целосно во 
состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се 
вметнува може да дојде во контакт со површината на 
која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите 
контролата над електричниот апарат.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон 
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од 
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на 
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот 
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема 
количина на метална прав може да предизвика 
електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина на 
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може 
да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е 
потребно течно средство за разладување. 
Користењето на вода и други течни средства за 
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Повратниот удар е ненадејна реакција како последица 
на заглавен или блокиран ротирачки алат што се 
вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани 
четки итн. Заглавувањето или блокирањето 
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот 
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот 
електричен апарат се забрзува наспроти правецот на 
вртење на алатот што се вметнува на местото на 
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна 
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што 
се обработува може да се закачи и така да ја скрши 
брусната плоча или да предизвика повратен удар. 
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или 
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на 
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните 
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на 
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни 
прописни мерки, како што е опишано подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете 
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе 
може да ја издржите повратната сила. Секогаш 
користете дополнителна дршка, доколку постои, за 
да имате што е можно поголема контрола над силата 
од повратниот удар или реакциските моменти при 
работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот 
може со соодветни мерки на претпазливост да го 
совлада повратниот удар или реакциските сили.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на 
ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се 
вметнува може да ви избега од рацете.
 Со вашето тело избегнувајте го полето каде 
електричниот апарат се движи со повратен удар. 
Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во 
правец спротивен на движењето на брусната плоча на 
местото на блокирање.
 Особено внимателно работете во подрачјето со 
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите 
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се 
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се 
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од 
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење 
на контролата или повратен удар.
 Не користете синџирести или запчести листови за 
пила. Таквите алати за вметнување честопати 
предизвикуваат повратен удар или губење на 
контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење и 
сечење со брусни плочи
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за 
вашиот електричен уред и заштитна хауба 
предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што 
не се предвидени за електричниот апарат, не може 
доволно да се заштитат и не се сигурни.
 Закривените брусни плочи мора да бидат 
монтирани, така што нивната површина за брусење 
не смее да стрчи над работ од заштитната хауба. 
Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над 
работ од заштитната хауба не може доволно да се 
заштитат.
 Заштитната хауба мора да се зацврсти на 
електричниот апарат и на највисоко ниво на 
безбедност, така што и најмалите делови на 
брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го 
користи апаратот. Заштитната хауба помага, 
корисникот да се заштити од парчињата, случајниот 
контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја 
запалат облеката.
 Телата за брусење смее да се користат само за 
предвидените можности на примена. На пр.: не 
брусете со страничната површина на брусната плоча 
за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за 
сечење материјал со работ на плочата. Со странична 
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се 
скршат.
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница 
со соодветна големина и облик на брусните плочи. 
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така 
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча. 
Прирабниците за брусни плочи за сечење се 
разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
OBJ_BUCH-347-006.book  Page 103  Thursday, August 29, 2013  11:23 AM
RAMIRENT

104 | Македонски 
1 609 92A 0E4 | (29.8.13)
Bosch Power Tools
 Не користете истрошени брусни плочи од големи 
електрични апарати. Брусните плочи за големи 
електрични алати не се предвидени за повисок број на 
вртежи за малите електрични апарати и може да се 
скршат.
Други специјални безбедносни напомени за сечење со 
брусни плочи
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за 
сечење или преголем притисок. Не изведувајте 
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на 
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната 
искористеност и склоност на закосување или 
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или 
кршење на брусното тело.
 Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката 
брусна плоча за сечење. Доколку брусната плоча за 
сечење во делот што се обработува ја придвижувате 
подалеку од себе, во случај на повратен удар, 
електричниот алат со ротирачката плоча би можел да се 
отфрли директно на вас.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или 
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и 
држете го мирно, додека плочата не дојде во 
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, 
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите 
од резот, бидејќи може да настане повратен удар. 
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги 
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат
додека се наоѓа во делот што се обработува. 
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне 
полниот вртежен момент, пред да продолжите со 
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од 
делот што се обработува или да предизвика повратен 
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за 
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен 
удар поради заглавената брусна плоча за сечење. 
Големите делови што се обработуваат може да се 
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува 
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во 
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење 
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. 
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или 
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти 
може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за брусење со 
брусна хартија
 Не користете предимензионирани брусни листови, 
туку следете ги податоците на производителот за 
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои 
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат 
повреди како и блокирање, кинење на брусните 
листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со 
жичани четки
 Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената 
употреба на жичаните четки, може да се изгубат 
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците 
со висок притисок на површината. Деловите од 
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека 
и/или во кожата.
 Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте 
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во 
облик на чинија или лонец, заради притисокот и 
центрифугалната сила може да го зголемат својот 
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. Контактот со 
електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување или може да 
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за 
вклучување/исклучување и ставете го во позиција 
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со 
струја, на пр. по снемување струја или влечење на 
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите 
неконтролирано рестартирање на уредот.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го 
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.
OBJ_BUCH-347-006.book  Page 104  Thursday, August 29, 2013  11:23 AM
RAMIRENT

 Македонски | 105
Bosch Power Tools
1 609 92A 0E4 | (29.8.13)
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење 
и четкање на метални и камени материјали без употреба 
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се 
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и 
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат 
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.
Лост за отклучување на заштитната хауба
Копче за блокирање на вретеното
Копче за контрола на бројот на вртежи 
(GWS 11-125 CIE/GWS 14-125 CIE/
GWS 14-125 CIT)
Прекинувач за вклучување/исклучување
Дополнителна дршка (изолирана површина на 
дршката)
Вретено за брусење
Хауба за вшмукување при брусењето*
Приклучна прирабница со O-прстен
Лончеста плоча од цврст метал*
10 Стезна навртка
11 Брзозатезна навртка 
*
12 Заштитна хауба за брусење
13 Брусна плоча*
14 Заштитна хауба за сечење*
15 Брусна плоча за сечење*
16 Заштита за дланките*
17 Гумен брусен диск*
18 Лист за брусење*
19 Тркалезна навртка*
20 Лончеста четка*
21 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка *
22 Дијамантска брусна плоча за сечење*
23 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Аголна брусилка
GWS ... 
8-115
8-125
10-125
11-125 CI 11-125 CIE
Број на дел/артикл
3 601 ...
H20 ...
H27 ...
H21 ...
H22 ...
H23 ...
Номинална јачина
W
800
800
1000
1100
1100
Излезна моќ
W
500
500
630
660
660
Номинален број на вртежи
min
-1
11000
11000
11000
11000
11000
Подрачје на подесување на бројот на 
вртежи
min
-1




2800
– 11000
макс. дијаметар на брусните плочи
мм
115
125
125
125
125
Навој на вретеното за брусење
M 14
M 14
M 14
M 14
M 14
макс. должина на навојот за вретеното 
за брусење
мм
22
22
22
22
22
Исклучување при повратен удар





Заштита од рестартирање





Ограничување на стартната струја





Константна електроника





Одредување на број на вртежи





Тежина согласно EPTA-Procedure 
01/2003
– со дополнителна дршка за 
придушување на вибрациите
– со стандардна дополнителна дршка
кг
кг
1,9
1,8
1,9
1,8
2,1
2,0
2,0
1,9
2,0
1,9
Класа на заштита
/
II
/
II
/
II
/
II
/
II
OBJ_BUCH-347-006.book  Page 105  Thursday, August 29, 2013  11:23 AM
RAMIRENT

106 | Македонски 
1 609 92A 0E4 | (29.8.13)
Bosch Power Tools
Информации за бучава/вибрации
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е 
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и 
може да се користи за меѓусебна споредба на 
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за 
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на 
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се 
користи за други примени, со различна опрема, алатот 
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се 
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова 
може значително да го зголеми оптоварувањето со 
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со 
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој 
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога 
е во употреба. Ова може значително да го намали 
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното 
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за 
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како 
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и 
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на 
дланките, организирајте го текот на работата.
Аголна брусилка
GWS ... 
14-125 CI 14-125 CIE 14-125 CIT
14-150 CI
Број на дел/артикл
3 601 ...
H24 ...
H25 ...
H29 ...
H26 ...
Номинална јачина
W
1400
1400
1400
1400
Излезна моќ
W
820
820
820
820
Номинален број на вртежи
min
-1
11000
11000
9300
9300
Подрачје на подесување на бројот на вртежи
min
-1

2800
– 11000
2800
– 9300

макс. дијаметар на брусните плочи
мм
125
125
125
150
Навој на вретеното за брусење
M 14
M 14
M 14
M 14
макс. должина на навојот за вретеното за брусење
мм
22
22
22
22
Исклучување при повратен удар




Заштита од рестартирање




Ограничување на стартната струја




Константна електроника




Одредување на број на вртежи




Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003
– со дополнителна дршка за придушување на 
вибрациите
– со стандардна дополнителна дршка
кг
кг
2,2
2,1
2,2
2,1
2,2
2,1
2,3
2,2
Класа на заштита
/
II
/
II
/
II
/
II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата 
во односната земја.
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
3 601 ...
H20 ...
H27 ...
H21 ...
H22 ...
H23 ...
H24 ...
H25 ...
H26 ...
H29 ...
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува
Ниво на звучен притисок
Ниво на звучна јачина
Несигурност K
Носете заштита за слухот!
dB(A)
dB(A)
dB(A)
91
102
3
91
102
3
91
102
3
Вкупните вредности на вибрации a
h
 (векторски збор на трите насоки) и 
несигурност K дадени се во согласност со EN 60745:
Брусење на површини (грубо брусење): 
a
h
K
Брусење со брусен лист: 
a
h
K
m/s
2
m/s
2
m/s
2
m/s
2
5,5
2,0
3,0
1,5
8,5
2,0
3,0
1,5
7,0
2,0
3,0
1,5
OBJ_BUCH-347-006.book  Page 106  Thursday, August 29, 2013  11:23 AM
RAMIRENT

 Македонски | 107
Bosch Power Tools
1 609 92A 0E4 | (29.8.13)
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните 
производи во „Технички податоци“ се сообразни со 
следните норми или нормативни документи: EN 60745 
според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, Postfach 10 01 56,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
29.08.2013
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат, извлечете го струјниот приклучок од 
ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на 
работата или при оштетување на уредот за прифат на 
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот 
апарат мора да се прати во сервисната служба, за 
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети 
при користење“.

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   17   18   19   20   21   22   23   24   ...   35




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет