Ru Оригинальное руководство по эксплуатации uk


 | Македонски  Безбедносни напомени за полначи



Pdf көрінісі
бет14/22
Дата12.03.2017
өлшемі5,66 Mb.
#9259
1   ...   10   11   12   13   14   15   16   17   ...   22

158 | Македонски 
Безбедносни напомени за полначи
Овој полнач не е предвиден за користење 
од страна на деца и лица со намалени 
психички, физички или ментални 
способности или недоволно искуство и 
знаење. Овој полнач може да го користат 
деца над 8 години како и лица со 
намалени физички, сензорни и ментални 
способности или недоволно искуство и 
знаење, доколку се под надзор од лица 
одговорни за нивната безбедност или се 
подучени за безбедно ракување со 
полначот и ги разбираат опасностите кои 
може да произлезат поради тоа. Инаку 
постои опасност од погрешна употреба и 
повреди.
Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе 
се осигурате дека децата нема да си играат 
со полначот.
Не ги оставајте децата без надзор за 
време на чистењето или одржувањето на 
полначот.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 158  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Македонски | 159
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
Полначот држете го подалеку од дожд и влага. 
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од 
електричен удар.
 Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или вградени литиум-
јонски батерии во производите на Bosch. Напонот на батеријата 
мора да одговара на напонот за полнење на батеријата. Инаку 
постои опасност од пожар и експлозија.
 Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои 
опасност од електричен удар.
 Пред секое користење, проверете го полначот, кабелот и 
приклучокот. Не го користете полначот, доколку приметите 
оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на 
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи 
само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и 
приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. Грешките настанати како 
резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и одвртување на 
шрафови.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно 
полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно 
осветлување во домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на 
електричните апарати на графичката страница.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 159  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
160 | Македонски 
Бит за одвртувач/зашрафувач*
Прифат на алатот
Контролно прозорче
Приказ на правецот на вртење Тек на десно
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказ на правецот на вртење Тек на лево
Прекинувач на лизгање за замена на битови
Прекинувач за менување на правецот на вртење
Отвор за приклучокот за полнење
10 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Магацин за битови
12 Лампа „PowerLight“
13 Рачка (изолирана површина на дршката)
14 Приклучок за полнење
15 Полнач
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на 
испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за 
опрема.
Технички податоци
Батериски одвртувач/зашрафувач
PSR Select
Број на дел/артикл
3 603 J77 0..
Номинален напон
волти=
3,6
Број на празни вртежи
min
-1
210
макс. вртежен момент при 
зашрафување во цврсти/меки 
материјали според ISO 5393
Nm
4,5/3,5
макс. поле на Ø
мм
5
Тежина согласно EPTA-Procedure 
01:2014
кг
0,50
Батерија
Литиум-јонска
Капацитет
Аh
1,5
Број на батериски ќелии
1
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 160  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Македонски | 161
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со 
EN 60745-2-2.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично е помало 
од 70 dB(A). Несигурност K =3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 
80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
 (векторски збор на трите насоки) и 
несигурност K дадени се во согласност со EN 60745:
Зашрафување: a
h
<2,5 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со 
нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за 
меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се 
прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот 
апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со 
различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или 
недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова 
може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во 
периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се 
земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не 
во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали 
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на 
корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги 
Полнач
Број на дел/артикл
2 609 003 263 (EU)
2 609 003 265 (UK)
Време на полнење
ч
4
Класа на заштита
/
II
Батериски одвртувач/зашрафувач
PSR Select
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 161  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
162 | Македонски 
внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја 
топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на наша одговорност, дека опишаниот производ во 
„Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од 
директивите 2009/125/EC (уредба 1194/2012), 2011/65/EU, 
2014/35/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и 
е сообразен со следните норми: 
EN 50581, EN 60745-1, EN 60745-2-2 (батериски апарат), 
EN 60335-1, EN 60335-2-29 (батериски полнач).
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. 
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и 
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во 
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за 
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
 Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е прилагоден на 
вградената литиум-јонска батерија во вашиот електричен апарат.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 162  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Македонски | 163
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја 
мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка 
на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се 
користат и на 220 волти.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја 
наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на 
полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се 
намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и 
наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на 
ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни 
батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно 
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот апарат, не 
притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. 
Батеријата може да се оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што 
дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се 
постигнува долг рок на траење на батеријата.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 при полу-притиснат 
прекинувач за вклучување/исклучување свети 10 црвено, батеријата 
има помалку од 30% од нејзиниот капацитет и треба да се наполни.
Процесот на полнење започнува штом се стави струјниот приклучок на 
полначот во ѕидната дозна и приклучокот за полнење 14 се вметне во 
отворот 9 на долната страна од дршката.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се препознава 
состојбата на наполнетост на батеријата и ќе биде наполнета со 
оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на 
батеријата.
Приказот за наполнетост на батеријата 5 го покажува напредокот на 
полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 не свети, батеријата е 
целосно наполнета. Доколкусвети приказот за наполнетост на 
батеријата 5 црвено, температурата на батеријата е превисока.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 163  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
164 | Македонски 
За време на процесот на полнење, дршката на електричниот апарат се 
затоплува. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот апарат не може да се користи за време на процесот на 
полнење; тој не е дефектен, доколку за време на процесот на полнење 
не функционира.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ставање на битовите за одвртувачот во магацинот за 
битови (види слики B–C)
 Носете заштитни очила при замена на алатот. Не погледнувајте 
директно во прифатот на алатот. При промена на алатот за 
вметнување, тој може да се исфрли нанапред.
 Во магацинот за битови ставајте само по еден бит за одвртувач во 
комора. Користете само кратки стандардни битови за 
одвртувачи. Подолгите битови за одвртувач не може да се наполнат 
во магацинот за битови.
– Вртете го магацинот за битови 11, додека во контролното прозорче 3 
не се појави празната комора.
– Притиснете го прекинувачот на лизгање 7 нанапред.
– Битот за одвртувачот 1 ставете го директно во прифатот за алат 2.
– Турнете го прекинувачот на лизгање 7 наназад, за да го наполните 
битот за одвртувач 1 во магацинот за битови 11.
– Штом ќе го турнете прекинувачот на лизгање 7 наназад или ќе го 
активирате прекинувачот за вклучување/исклучување 10 во задна 
позиција, магацинот за битови 11 ќе се осветли за20 секунди.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 164  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Македонски | 165
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
Замена на алатот (види слика D)
 Носете заштитни очила при замена на алатот. Не погледнувајте 
директно во прифатот на алатот. При промена на алатот за 
вметнување, тој може да се исфрли нанапред.
– Вртете го магацинот за битови 11, додека во контролното прозорче 3 
не се појави битот за одвртувач 1.
– Притиснете го прекинувачот на лизгање 7 нанапред.
Употреба
Ставање во употреба
Поставете го правецот на вртење (види слика E)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8 може да го 
промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку 
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е 
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување притиснете го прекинувачот 
за менување на правец на вртење 8 на лево до крај.
Приказот за правец на вртење Тек на десно 4 свети доколку е 
активиран прекинувачот за вклучување/исклучување 10 и 
доколку работи моторот.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на шрафови притиснете 
го прекинувачот за менување на правецот на вртење 8 на десно до крај.
Приказот за правец на вртење Тек на лево 6 свети доколку е 
активиран прекинувачот за вклучување/исклучување 10 и 
доколку работи моторот.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само 
доколку го користите.
Напомена: Електричниот апарат може да се вклучи, само доколку 
прекинувачот на лизгање 7 е турнат нанапред.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 165  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
166 | Македонски 
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го 
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 и држете го притиснат.
Лампата 12 свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 10 
е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на 
работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за 
вклучување/исклучување 10.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 10 не е притиснат, 
вретеното за дупчење ќе се фиксира.
 Доколку вретеното за дупчење е блокирано, не го притискајте 
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 подолго од 15 
секунди. Инаку електричниот апарат може да се оштети.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата 5 ја покажува наполнетоста на 
батеријата при вклучен електричен апарат.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. 
При големо оптоварување или пречекорување на дозволената 
температура на батеријата 65 °C електрониката го исклучува 
електричниот апарат, додека не се врати во оптималните граници на 
температура.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е 
исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се 
преврти и падне.
LED
Капацитет
Трајно зелено светло
≥ 30%
Трајно црвено светло
< 30%
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 166  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Македонски | 167
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. 
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и 
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во 
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за 
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за 
проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се во 
овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го 
од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични 
апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Доколку електричниот апарат се расипе и покрај грижливото 
одржување во согласност со напомените на производителот, 
поправката треба да се изврши само од страна на овластената сервисна 
служба за Bosch-електрични алати.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 
10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со 
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните 
делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе 
најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку 
имате прашања за нашите производи и опрема.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 167  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
168 | Македонски 
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни 
материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на 
корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен 
транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните 
напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката 
на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба 
да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за 
ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU 
електричните апарати што се вон употреба и 
дефектните или искористените батерии според 
регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат 
и да се рециклираат за повторна употреба.
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 168  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Srpski | 169
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел 
„Транспорт“, Страна 168.
 При одложување, вградената батерија смее да се извади само од 
страна на стручен персонал.  Со отворање на обвивката на 
куќиштето, електричниот апарат може да се уништи.
За да ја извадите батеријата од електричниот апарат, активирајте го 
прекинувачот за вклучување/исклучување 10, додека целосно не се 
испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја 
обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете 
краток спој, извадете ги поединечно приклучоците на батеријата едно по 
друго и на крај изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење 
во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи во 
случај на краток спој.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod 
pridržavanja upozorenja i uputstava mogu imati za 
posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat“ odnosi se na električne 
alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom 
na akumulator (bez mrežnog kabla).
UPOZORENJE
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 169  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

1 609 92A 20X | (18.1.16)
Bosch Power Tools
170 | Srpski 
Sigurnost na radnom mestu
 Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Nered ili 
neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
 Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u 
kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati 
prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.
 Držite podalje decu i druge osobe za vreme korišćenja električnog 
alata. Prilikom rada možete izgubiti kontrolu nad aparatom.
Električna sigurnost
 Priključni utikač električnog alata mora odgovarati utičnici. Utikač 
nesme nikako da se menja. Ne upotrebljavajte adaptere utikača 
zajedno sa električnim alatima zaštićenim uzemljenjem. Ne 
promenjeni utikači i odgovarajuće utičnice smanjuju rizik električnog 
udara.
 Izbegavajte kontakt telom sa uzemljenim površinama kao cevi, 
grejanja, šporet i rashladni ormani. Postoji povećani rizik od 
električnog udara ako je Vaše telo uzemljeno.
 Držite aparat što dalje od kiše ili vlage. Prodor vode u električni alat 
povećava rizik od električnog udara.
 Ne nosite električni alat za kabl, ne vešajte ga ili ne izvlačite ga iz 
utičnice. Držite kabl dalje od vreline, ulja, oštrih ivica ili delova 
aparata koji se pokreću. Oštećeni ili uvrnuti kablovi povećavaju rizik 
električnog udara.
 Ako sa električnim alatom radite u prirodi, upotrebljavajte samo 
produžne kablove koji su pogodni za spoljnu upotrebu. Upotreba 
produžnog kabla uzemljenog za spoljnu upotrebu smanjuje rizik od 
električnog udara.
 Ako rad električnog alata ne može da se izbegne u vlažnoj okolini, 
koristite prekidač strujne zaštite pri kvaru. Upotreba prekidača strujne 
zaštite pri kvaru smanjuje rizik od električnog udara.
Sigurnost osoblja
 Budite pažljivi, pazite na to, šta radite i idite razumno na posao sa 
Vašim električnim alatom. Ne koristite električni alat ako ste umorni 
OBJ_BUCH-1590-004.book  Page 170  Monday, January 18, 2016  2:30 PM

 Srpski | 171
Bosch Power Tools
1 609 92A 20X | (18.1.16)

Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   10   11   12   13   14   15   16   17   ...   22




©emirsaba.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет