Uk Оригінальна інструкція з експлуатації kk


Употреба со соодветна намена



жүктеу 9.58 Mb.
Pdf просмотр
бет43/57
Дата27.03.2017
өлшемі9.58 Mb.
1   ...   39   40   41   42   43   44   45   46   ...   57

Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински 
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 184  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

 Македонски | 185
Bosch Power Tools
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.
Блокада при вклучување на прекинувачот за 
вклучување/исклучување
Прекинувач за вклучување/исклучување
Батерија*
Заштитна хауба
Лост за подесување на заштитната хауба со повратен 
механизам
Основна плоча
Заштитна хауба со повратен механизам
Паралелен граничник
Ознака на резот 0°
10 Ознака на резот 45°
11 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на 
косо сечење
12 Пеперутка завртка за паралелниот граничник
13 Скала на закосени агли
14 Копче за блокирање на вретеното
15 Дополнителна дршка (изолирана површина на 
дршката)
16 Инбус клуч
17 Рачка (изолирана површина на дршката)
18 Вретено на пилата
19 Приклучна прирабница
20 Лист за кружната пила*
21 Стезна прирабница
22 Затезен шраф со подлошка
23 Ознаки на заштитната хауба
24 Копче за отклучување на батеријата
25 Шраф за прицврстување на адаптерот за 
вшмукување
26 Адаптер за вшмукување
27 Црево за вшмукување*
28 Скала за подесување на длабочината на сечење
29 Затезен лост за претходно бирање на длабочината на 
сечење
30 Пар стеги за шрафот*
31 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
32 Приказ за наполнетоста на батеријата*
33 Шина водилка*
34 Дел за сврзување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност 
со EN 60745-2-5.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: 
ниво на звучен притисок 95 dB(A); ниво на звучна јачина 
106 dB(A). Несигурност K=3,0 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
 (векторски збор на 
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со 
EN 60745-2-5:
Сечење на дрво: a
h
=3 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е 
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и 
може да се користи за меѓусебна споредба на 
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за 
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на 
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се 
користи за други примени, со различна опрема, алатот 
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се 
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова 
може значително да го зголеми оптоварувањето со 
вибрации во периодот на целокупното работење.
Рачна кружна пила
GKS 18 V-LI
Број на дел/артикл
3 601 F6H 0..
Номинален напон
волти=
18
Број на празни вртежи
min
-1
3900
макс. длабочина на резот
– при агол на косо сечење 0°
– при агол на косо сечење 45°
мм
мм
51
40
Блокада за вретеното

Димензии на основната плоча
мм
146 x 272
макс. дијаметар на листовите за 
пилата
мм
165
мин. дијаметар на листовите за 
пилата
мм
160
макс. дебелина на листот на 
пилата
мм
1,7
макс. отклон на запците на пилата
мм
2,6
мин. отклон на запците на пилата
мм
2,0
Отвор за прифатот
мм
20
Тежина согласно EPTA-Procedure 
01/2003
кг
3,9/4,1*
Дозволена температура на 
околината
– при  полнење
– при  работа
**
 и при складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 18 V ...
Препорачани полначи
AL 18..
GAL 3680
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 185  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

186 | Македонски 
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Bosch Power Tools
За прецизно одредување на оптоварувањето со 
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој 
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога 
е во употреба. Ова може значително да го намали 
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното 
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за 
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како 
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и 
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на 
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот 
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите 
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до 
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и 
е сообразен со следните норми: EN 60745-1, 
EN 60745-2-5.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 03.02.2015
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на 
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни 
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен 
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За 
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба 
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое 
време, без да се намали нивниот рок на употреба. 
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска 
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. 
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе 
се исклучи со помош на заштитно струјно коло: 
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот 
апарат, не притискајте на прекинувачот за 
вклучување/исклучување. Батеријата може да се 
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 3 има два степени на заклучување кои 
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно 
притискање на копчето за отворање на батеријата 24
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа 
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 3 притиснете на копчињата за 
отворање 24 и извлечете ја батеријата наназад од 
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика F)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на 
батеријата 32 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 3
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата 
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е 
во мирување.
Притиснете го копчето 31, за да се прикаже наполнетоста 
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена 
батерија 3.
Доколку по притискањето на копчето 31 не свети LED, 
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат извадете ја батеријата.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни 
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои 
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на 
карактеристичните податоци дадени во ова 
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење 
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на 
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите 
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на 
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 14 и 
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 14 активирајте 
го само доколку вретеното на пилата е во состојба на 
мирување. Инаку електричниот апарат може да се 
оштети.
– Одвртете го 16 затезниот шраф 22 со инбус клуч во 
правец на вртење 
.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен 
механизан 7 и држете ја цврсто.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
ЛЕД светло
Капацитет
Трајно светло 3 x зелено
≥2/3
Трајно светло 2 x зелено
≥1/3
Трајно светло 1 x зелено
<1/3
Трепкаво светло 1 x зелено
Резерва
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 186  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

 Македонски | 187
Bosch Power Tools
1 609 92A 14R | (3.2.15)
– Извадете ја стезната прирабница 21 и листот за пилата 
20 од вретеното на пилата 18.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите 
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на 
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 20 и сите стезни делови 
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен 
механизан 7 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 20 на приклучната 
прирабница 19. Правецот на сечење на запците 
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да 
одговара на стрелката за правец на вртење на 
заштитната хауба со повратен механизам 7.
– Поставете ја стезната прирабница 21 и зашрафете го 
затезниот шраф 22 во правец на вртење 
. Внимавајте 
на правилна положба на монтирање на приклучната 
прирабница 19 и стезната прирабница 21.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 14 и 
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава 16 затегнете ја 
затегнувачката завртка 22 во правец на вртење 
. 
Затегнувачкиот момент треба да изнесува 6–9 Nm, а 
тоа одговара на ¼ рачни вртења или 3 цртки на ознаката 
23 на заштитната хауба 4.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат извадете ја батеријата.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои 
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по 
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата 
прав може да предизвика алергиски реакции и/или 
заболувања на дишните патишта на корисникот или 
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или 
бука важат како канцерогени, особено доколку се во 
комбинација со дополнителни супстанци (хромат, 
средства за заштита на дрво). Материјалите што 
содржат азбест може да бидат обработувани само од 
страна на стручни лица.
– За да постигнете висок степен на вшмукување на 
прав, користете го вшмукувачот GAS 25/GAS 50/ 
GAS 50 M за дрво или GAS 50 MS за дрво и/или 
минерална прав заедно со овој електричен апарат.
– Погрижете се за добра проветреност на работното 
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при 
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за 
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување 
(види слика B)
Прицврстете го адаптерот за вшмукување 26  со шрафот 
за прицврстување 25 на основната плоча 6.
На адаптерот за вшмукување 26 може да се приклучи 
црево за вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира 
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку 
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се 
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за 
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување, 
адаптерот за вшмукување 26 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 27 поврзете го со вшмукувач за 
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните 
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од 
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот 
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, 
канцерогени или суви честички прав, користете 
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината 
на делот што се обработува. Под делот што се 
обработува, смее да се види помалку од полната 
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 29. За помала длабочина на 
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 6, а за 
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 6
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина 
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост 
29.
Затезната сила на затезниот лост 29 може дополнително 
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 29 и 
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во 
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на 
челната страна на заштитната хауба 4.
Отшрафете ја пеперутка-завртката 11. Навалувајте ја 
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на 
скалата 13. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 
11.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на 
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за 
подесување на длабочината на сечење 28.
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 187  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

188 | Македонски 
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Bosch Power Tools
Ознаки за сечење
Ознаката за сечење 0° 9 ја прикажува позицијата на листот 
од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 
45° 10 ја прикажува позицијата на листот од пилата при 
45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што 
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро 
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски 
батерии со напон кој е наведен на 
спецификационата плочка на Вашиот електричниот 
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе 
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија 3 притиснете ја однапред навнатре 
во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете 
ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не 
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво 
активирајте ја блокадата при вклучување 1 и притиснете 
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и 
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го 
прекинувачот за вклучување/исклучување 
2.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за 
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за 
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот 
алат само доколку го користите.
Кочница за исфрлување од брзина
Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува 
вибрирањето на листот за пилата по исклучување на 
електричниот апарат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска 
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. 
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе 
се исклучи со помош на заштитно струјно коло: 
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен 
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина 
значително го намалува рокот на употреба на 
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително 
зависат од состојбата и формата на запците на листот за 
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови 
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот, 
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински 
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги, 
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е 
особено штетна по здравјето, затоа работете со 
вшмукувач за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 8 овозможува прецизни резови 
по должината на делот што се обработува, како на пример 
сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави 
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите 
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја 
водите кружната пила со основната плоча по должината на 
помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слика G)
Со помош на шината водилка 33 може да правите 
праволиниски резови.
Напомена: Користете ја шината водилка 33 само за 
правоаголни резови. При сечење со закосување може да 
се оштети шината водилка 33.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка 
и ја негува површината на делот што се обработува. 
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање 
на електричниот апарат.
Поставете ја тркалезната пила директно на шината-
водилка 33. Прицврстете ја шината-водилка 33 со 
соодветни затегнувачки механизми, на пр. столарски 
стеги, на делот што се обработува, така што тесниот крак 
на шината водилка 33 ќе покажува кон листот на пилата.
Шината водилка 33 не смее да биде издадена на 
страната на делот што треба да се сече.
Вклучете го електричниот апарати водете го рамномерно 
со лесен притисок во правецот на сечење.
Со делот за сврзување 34 може да се спојат две шини 
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите 
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
45°


45°
OBJ_BUCH-755-005.book  Page 188  Tuesday, February 3, 2015  11:32 AM

 Македонски | 189
Bosch Power Tools
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од 
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во 
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на 
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека 
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како 
и при негов транспорт и складирање, извадете ја 
батеријата од него. При невнимателно ракување со 
прекинувачот за вклучување/исклучување постои 
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и 
отворите за проветрување, за да може добро и 
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да 
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу 
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба 
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со 
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од 
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред 
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на 
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го 
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги 
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве 
молиме наведете го 10-цифрениот број од 
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во 
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ 
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и 
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви 
помогне доколку имате прашања за нашите производи и 
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на 
Законот за опасни материјали. Батериите може да се 
транспортираат само од страна на корисникот, без 
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. 
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се 
внимава на специјалните напомени на амбалажата и 
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката 
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е 
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте 
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во 
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни 
национални прописи.


Поделитесь с Вашими друзьями:
1   ...   39   40   41   42   43   44   45   46   ...   57


©emirsaba.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет