Ласер со вкрстени линии
GLL 3-50
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на
околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
* заштитено од прав и прскање на вода
Ве молиме внимавајте на серискиот број на спецификационата
плочка на мерниот уред, трговските ознаки на поединечните мерни
уреди може да варираат.
Серискиот број 13 на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на вашиот мерен уред.
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 147 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
148 | Македонски
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Bosch Power Tools
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 8
притиснете на блокадата
10 и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите. Внимавајте
на точноста на половите согласно надворешниот приказ
на поклопецот на преградата на батерии.
Доколку приказот за батерија трепка 5 црвено, тогаш мора
да ги замените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Користење на ротирачката платформа
Поставете го мерниот уред со
водечкиот жлеб
15 на шината
водилка
16 на ротирачката
платформа
19 и притиснете го
мерниот уред до крај на
платформата. За да го извадите,
извлечете го мерниот уред во
обратен правец од ротирачката
платформа.
Извлекување на телескопските ногарки
Одвртете го шрафот за
фиксирање 17 за
ногарката на
извлекување. Извлечете ја
ногарката нанадвор.
Фиксирајте ја ногарката со
зацврстување на шрафот
на фиксирање 17.
Повторете ја постапката за
двете други ногарки.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност на нивелирањето“).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучува
ње на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
„ on“ (за работење без автоматиката за нивелирање)
или во позиција „
on“ (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори
1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучува
ње на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
„off“. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 40 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување, при
вклучување на мерниот уред, држете го притиснато
копчето за начин на работа
4 3 с. Доколку автоматиката за
исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко
трепкаат по 3 с.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без да биде
притиснато копчето за начин на работа
4).
Начини на работа (види слики A
–
D)
Мерниот уред има 4 начини на работа, кои може да ги
промените било кога:
– Хоризонтален режим (начин на работа A): емитира
една хоризонтална ласерска линија
– Режим на вкрстени линии (начин на работа
B): емитира
една хоризонтална и една вертикална ласерска линија
– Вертикален режим (начин на работа
C): емитира две
вертикални, ортогонални ласерски линии,
– Комбинација на хоризонтален и вертикален режим
(начин на работа
D): емитира една хоризонтална и две
вертикални ласерски линии
При сите начини на работа на подот се проектира една
ласерска точка.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во начин на
работа
„D“. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за начин на работа
4.
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 148 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
Македонски |
149
Bosch Power Tools
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Сите четири начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
При режимот на работа со вкрстени линии и вертикален
режим, со вртливото тркалце
18, вертикалните линии
може точно да се постават на мерниот објект.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 27 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 27.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето
3. При вклучена импулсна функција приказот
свети
2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучена импулсната функција.
За работење без ласерски приемник, исклучете
ја импулсната функција со одново притискање на
копчето
3. Кога е исклучена импулсната функција, се
гаси приказот
2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
„
on“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Штом ќе
престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков
случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во
позиција „ on“. При исклучена автоматика за
нивелирање, ласерските линии континуирано светат.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете
ласерски линии повеќе не поминуваат принудно
вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа
точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска
линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
B
5 m
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 149 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
150 | Македонски
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Bosch Power Tools
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Насочете го на ѕидот A, така што
вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе
означената точка I. Оставете го мерниот уред да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на ѕидот A (точка III).
– Разликата
d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред.
Максимално дозволеното отстапување d
max
може да го
пресметате на следниот начин:
d
max
= двојно растојание на ѕидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на ѕидовите од 5 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d
max
= 2 x 5 м x 0,3 мм/м = 3 мм. Ознаките смеат да лежат
најмногу 3 мм една од друга.
Проверка на точноста на нивелирањето на
хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу
5 x 5 м.
– Поставете го мерниот уред на цврста, рамна подлога во
средината меѓу ѕидовите А и B. Оставете го мерниот
уред да се нивелира во хоризонтален режим.
– На 2,5 м растојание од мерниот уред, на двата ѕида
означете ја средината на ласерската линија (точка I на
ѕидот A и точка II на ѕидот B).
– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° во 5 м
растојание и оставете го да се нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на ласерските линии точно ќе ја погоди
претходно означената точка II на ѕидот B.
– На ѕидот A обележете ја средината на ласерската линија
како точка III (вертикално над или под точката I).
– Разликата
d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
хоризонталата.
Максимално дозволеното отстапување d
max
може да го
пресметате на следниот начин:
d
max
= двојно растојание на ѕидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на ѕидовите од 5 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d
max
= 2 x 5 м x 0,3 мм/м = 3 мм. Ознаките смеат да лежат
најмногу 3 мм една од друга.
A
B
180˚
A
B
d
180˚
A
B
2,5 m
,0 m
5,
5
A
B
d
2,5 m
A
B
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 150 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
Македонски |
151
Bosch Power Tools
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 м.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 м растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Оставете го мерниот уред да се нивелира во
режим на вкрстени линии, и насочете ги ласерските
линии кон отворот на вратата.
– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија
на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 м
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка II) како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка III).
– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот
од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот
уред да се нивелира и насочете ја вертикалната
ласерска линија така што нејзината средина ќе
поминува точно низ точките I и II.
– Разликата
d помеѓу точката III и средината на
ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата
го дава точното отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување d
max
може да го
пресметате на следниот начин:
d
max
= двојна висина на отворот од вратата x 0,3 мм/м
Пример: При висина на точките од вратата од 2 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d
max
= 2 x 2 м x 0,3 мм/м = 1,2 мм. Ознаките смеат да
лежат најмногу 1,2 мм една од друга.
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 м помеѓу подот и
плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротирачка платформа и
поставете го на подот.
– Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
– Означете ја средината на горната точка на вкрстување
на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја
средината на долната ласерска точка на подот
(точка II).
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на
тој начин, што средината на долната ласерска точка ќе
лежи на веќе обележаната точка II. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка III).
– Разликата
d на двете означени точки I и III на плафонот
го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
На мерната линија од 5 м, максималното дозволено
отстапување изнесува: 5 м x ±0,6 мм/м x 2 = ±6 мм.
Разликата
d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу
6 мм.
2,5 m
2,5 m
2 m
d
5 m
180°
d
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 151 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
152 | Македонски
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Bosch Power Tools
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики G –H)
Со помош на мерната плоча 26 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча
26 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот
11 на навојот на стативот 22
или обичен градежен статив. За зацврстување на обичен
фото статив користете 1/4"-прифат за статив
6.
Зашрафете го мерниот уред со шрафот за фиксирање на
стативот.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика E)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерската линија користете го
ласерскиот приемник
27. При работата со ласерски
приемник користете ја импулсната функција (види
„Импулсна функција“, страна 149).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа
Примери за работа (види ги сликите A –F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
испорачаниот куфер.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во куферот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Не ги фрлајте батериите во домашната канта за ѓубре, во
оган или во вода. Доколку е возможно батериите треба да
се отстрануваат испразнети, собрани, рециклирани или
еколошки згрижени.
Се задржува правото на промена.
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 152 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
Srpski |
153
Bosch Power Tools
1 618 C00 99J | (10.10.13)
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Sva uputstva se moraju čitati i pazite na
njih, da bi sa mernim alatom radili bez
opasnosti i sigurno. Neka Vam tablice sa
upozorenjem na mernom alatu budu uvek
čitljive. ČUVAJTE OVA UPUTSTVA DOBRO.
Oprez – ako se koriste drugi uredjaji za rad ili podeša-
vanje od onih koji su ovde navedeni, ili izvode drugi
postupci, može ovo voditi eksplozijama sa zračenjem.
Merni alat se isporučuje sa tablicom sa upozorenjem na
engleskom jeziku (obeleženo na prikazu mernog alata
na grafičkoj stranici sa brojem 12).
Pre prvog puštanja u rad prelepite englesku tablicu sa
upozorenjem sa isporučenom nalepnicom na Vašem
jeziku.
Ne upravljajte laserski zrak na osobe
ili životinje i ne gledajte sami u laserski
zrak. Ovaj merni alat proizvodi lasersko
zračenje klase lasera 2 prema
IEC 60825-1. Na taj način možete zaslepiti
osobe.
Ne koristite laserske naočare za posmatranje kao
zaštitne naočare. Laserske naočare za posmatranje služe
za bolje prepoznavanje laserskog zraka, one ne štite od
laserskog zračenja.
Ne upotrebljavajte laserske naočare za posmatranje
kao naočare za sunce ili u putnom saobraćaju. Laserske
naočare za posmatranje ne pružaju punu UV zaštitu i
smanjuju opažanje boja.
Neka Vam merni alat popravlja stručno osoblje i samo
Достарыңызбен бөлісу: |